Architects in their office

Кариера

Нашите вработени се еден од клучните фактори за нашиот успех. Нивните квалификации, мотивацијата и преданоста се основата за одржливост и конкурентност на групацијата Wienerberger. Во потрага сме по луѓе што се самомотивирани, предани и кои се способни да мислат и да дејствуваат претприемнички. Од нашите вработени очекуваме фокусираност на решенија и лична одговорност.

  • Да се работи за Wienerberger

Wienerberger на своите вработени им нуди фер и мотивирачки надоместок, рамна хиерархија и можност за активно учествување во развојот на општеството – со други зборови, работно опкружување што ги поддржува врвните резултати и личниот развој.

Веруваме во професионалниот развој на нашите вработени и во силната корпоративна култура како темел за лично залагање и долгорочен успех.

  • Бидете дел од Wienerberger

Нашите вработени се еден од клучните фактори за нашиот успех.

Со своите квалификации, преданоста и мотивацијата, тие ја гарантираат одржливоста и конкурентноста на групацијата Wienerberger. Во потрага сме по мажи и жени кои ќе бидат силно лично предани на работата и кои имаат страст за работата, како и по оние кои знаат да мислат и да дејствуваат претприемнички.

Од нашите вработени очекуваме да бидат фокусирани на решенија и да имаат силно чувство за лична одговорност.

Во замена за тие квалитети нудиме фер и мотивирачки надоместок, атрактивни поттици, рамна хиерархија и можност за активно учествување во развојот на компанијата – со други зборови, услови што обезбедуваат оптимално опкружување за постигнување врвни деловни резултати и личен развој.

  • Растете со Wienerberger
Factory worker checking packaging machine
Фабрика

На нашите вработени им нудиме широка палета на интерна и екстерна едукација и оспособување, како што е презентацијата на производите, работилници за управување со проекти и семинари за развој на техниките за презентација. На пример, нашите вработени можат да учествуваат во семинар за градење на карактерот што се темели на моделот на комуникацискиот процес (PCM).

Програмата Wienerberger Ready4Excellence за идните таленти, дава можност за личен развој и прекугранична размена на информации во меѓународното опкружување.

Заедно со  Wienerberger Engineering Academy (академија за инженери), основавме и постојана образовна институција за различни технички подрачја во керамичката дејност. Во неа се нудат посебни модули и програми за теми што се однесуваат на оптимизација на погоните и процесите, како и на енергетската ефикасност и рентабилност. Наставниот план опфаќа основни и напредни курсеви со програма за обука на раководители на погони.

Нашиот сектор за цевки и бетонски плочки (Pipes & Pavers Division) заедно со Универзитетот Pipelife се фокусира на понатамошна имплементација на програмата LeanSix Sigma.

Woman looking at computer screen in front of brick-lined wall

Kонтакт

Пронајди како да контактираш со некој од Управата или внеси ги прашањата преку онлајн формуларот.

Пријавете неправилности

Наша должност е да промовираме корпоративна култура, која ги одразува нашите принципи. Ова ја вклучува обврската на сите оние што се одговорни за почитување на правилата на Винербергер да обезбедат воведување и следење на политиките и процесите. Се извршуваат внатрешна и надворешна ревизија за да се потврди ефективноста на сите правила и прописи, како и да се иницираат понатамошни подобрувања.

 

Ако имате причина да се сомневате дека нашите стандарди за однесување се прекршени или игнорирани, не двоумете се да го кажете тоа! Винербергер ги охрабрува сите свои вработени, добавувачи и партнери да пријават било какви потенцијални неправилности, прекршувања или непочитување на нашиот кодекс на однесување!

Продажба