Сакате динамична меѓународна средина и можност да развивате и имплементирате нови идеи и решенија. Вие сте на вистинското место.
Сакате динамична меѓународна средина и можност да развивате и имплементирате нови идеи и решенија. Вие сте на вистинското место.
Посветеноста, стручноста и мотивацијата на нашите вработени ја формираат основата за одржливоста и конкурентноста на wienerberger. Ние сме мултикултурна компанија, ја гледаме различноста како наша сила.
Очекуваме нашите вработени да бидат отворени за промени, да дејствуваат во согласност со вредностите на компанијата и да преземат лична одговорност. Овозможуваме развој на кариера во меѓународна средина.
Во нашиот тим сакаме луѓе кои се посветени, кои работат, размислуваат и дејствуваат проактивно и кои се грижат за нивниот личен и деловен развој.
Ги сакаме луѓето кои се осмелуваат да излезат надвор од рамките, но во исто време ги препознаваат и ценат трајните вредности.
Се стремиме да обезбедиме продуктивни и безбедни работни услови за да спречиме повреди или болести на работното место или поради работата извршена во компанијата. Нашите вработени се изворот на нашата креативност и иновативен дух. Оваа политика треба да послужи за да не поддржи во обезбедувањето на најдобрата средина која ги поттикнува нашите вработени да бидат посветени и мотивирани.
Здравјето и безбедноста при работа се дел од нашите цели и со оглед на нашите дефинирани принципи и вредности, применуваме строго пропишани мерки на претпазливост или безбедносни правила.
Основните процеси во нашата организација се дефинирање, препознавање и намалување на опасностите.
Менаџментот мора да се погрижи да ја споделиме оваа одговорност на отворен, добро организиран, систематски и проактивен начин за да ја подигнеме нашата свест и култура за здравјето и безбедноста кон долгорочната цел за нула несреќи нба работното место.
Нема простор за компромис кога станува збор за здравјето и безбедноста.