Правила за приватност

 

Сметаме дека заштитата на Вашата приватност и Вашите лични податоци се важни работи на кои обрнуваме внимание во сите наши деловни односи. Ја почитуваме тајноста на Вашите лични податоци и секогаш постапуваме во согласност со одредбите на законот кои ја утврдуваат заштитата на личните податоци и одредбите на овие Правила за заштита на приватноста.

1. Опсег на овие правила за приватност

Овие Правила за приватност се наменети да Ве известат за тоа како Тондах Македонија АД Виница ги користи личните информации, кои информации за корисниците на нашата/нашите веб-страница/и, онлајн-апликации или нашите мобилни платформи („онлајн-услуги“) ги собира и оценува и подоцна ги користи, ги пренесува на трети лица или ги обработува на кој било друг начин.

Овие Правила за приватност се применуваат на Тондах Македонија АД Виница.

Не се однесуваат на онлајн-услугите на другите компании на групацијата Wienerberger или на онлајн-услугите со кои управуваат трети лица.

2. Собирање на податоци

2.1. Податоци кои Вие ги доставувате

По правило, за користење на нашите онлајн-услуги не е потребно откривање на личните податоци. Ако личните податоци (име, адреса или е-меил адреса) се собрани во рамките на нашите онлајн-услуги, тоа се прави на Ваша доброволна основа. Ако, на пример, сакате да добивате њуслетер (е-билтен) кој го нудиме на нашата веб-страница, нам ќе ни биде потребна вашата е-меил адреса, како и информација што ни овозможува да потврдиме дека Вие сте сопственикот на назначената е-меил адреса.

2.2. Автоматски собрани податоци

Поради безбедноста на податоците и за оптимизирање на пристапноста до корисниците, ние собираме и нелични податоци во врска со користењето на нашите онлајн-услуги. На пример, се чува (помни) интернет-прелистувачот кој го користите, оперативниот систем, името на домејнот на веб-страницата што сте ја посетиле последна пред да ја отворите нашата ве-страница, бројот на посети и просечното време поминато на нашата веб-страница, како и страниците на кои сте пристапиле.

Таквите автоматски собрани податоци не се поврзани со податоци од други извори. Сепак, ние го задржуваме правото ретроспективно да ги провериме таквите податоци, доколку да ни се сврти вниманието на одредени индикации за нелегална употреба.

3. Злоупотреба на Вашите лични податоци

3.1. Податоци кои Вие ги доставувате

По правило, за користење на нашите онлајн-услуги не е потребно откривање на личните податоци. Ако личните податоци (име, адреса или е-меил адреса) се собрани во рамките на нашите онлајн-услуги, тоа се прави на Ваша доброволна основа. Ако, на пример, сакате да добивате њуслетер (е-билтен) кој го нудиме на нашата веб-страница, нам ќе ни биде потребна вашата е-меил адреса, како и информација што ни овозможува да потврдиме дека Вие сте сопственикот на назначената е-меил адреса.

3.2. Автоматски собрани податоци

Поради безбедноста на податоците и за оптимизирање на пристапноста до корисниците, ние собираме и нелични податоци во врска со користењето на нашите онлајн-услуги. На пример, се чува (помни) интернет-прелистувачот кој го користите, оперативниот систем, името на домејнот на веб-страницата што сте ја посетиле последна пред да ја отворите нашата ве-страница, бројот на посети и просечното време поминато на нашата веб-страница, како и страниците на кои сте пристапиле.

Таквите автоматски собрани податоци не се поврзани со податоци од други извори. Сепак, ние го задржуваме правото ретроспективно да ги провериме таквите податоци, доколку да ни се сврти вниманието на одредени индикации за нелегална употреба.

3.3. Колачиња („cookies“)  и пикселни маркери („web-beacons“)

Нашите онлајн-услуги користат т.н. „колачиња“ за прелистување и пикселни маркери. „Колачињата“ не предизвикуваат штета на Вашиот компјутер. Тоа се мали датотеки со конфигурациски поставки кои ни помагаат да ги направиме нашите онлајн-услуги попристапни, поефикасни и побезбедни. Исто така, „колачињата“ се користат за воведување на одредени кориснички функции.

Нашите онлајн-услуги обично користат „колачиња за сесија“ кои автоматски се бришат кога прелистувачот е затворен. Повремено, нашите онлајн-услуги користат и „постојани колачиња“ кои остануваат на уредот додека не истечат или рачно не се исчистат. Вторите ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот прелистувач при Вашата следна посета. Детали за „колачиња од трети лица“, односно „колачиња од трети страни“, како што е Google Inc., Ве молиме побарајте во правилата за приватност на тие провајдери.

Можете да ги прилагодите Вашиот прелистувач или правилата за приватност на Вашиот мобилен уред да Ве известуваат секој пат кога е испратено некое „колаче“ до Вашиот уред, за да можете за секој случај поединечно да одлучите дали да ги прифатите „колачињата“. Исто така, можете да го оневозможите прифаќањето на „колачињата“, само во одредени случаи или зададено, и да го активирате автоматското бришење на копии секогаш кога ќе го затворите прелистувачот. Сепак, треба да имате на ум дека некои од нашите онлајн-услуги можеби нема да ви бидат целосно достапни ако ги деактивирате „колачињата“.

 

Понатаму, користиме и пикселни маркери (web-beacons), познати и како „ознаки за страници“ (page tags), за да ја анализираме ефективноста на нашата веб-страница или на њуслетерот. На пример, нашите њуслетери и HTML е-меилови можат да содржат пикселен маркер кој детектира дали меилот или интернет-пораката испратена преку и-меил, биле отворени. Ваквите информации ни помагаат да ја подобриме нашата и-меил услуга и да ги подобриме содржините согласно потребите на нашите корисници. Бришењето на и-меилот повлекува бришење на пикселниот маркер. Само по себе се подразбира дека нашите вообичаени текстуални и-меилови не содржат пикселен маркер.


3.4. Веб-анализи

За континуирана функционална оптимизација и максимална корисничка пристапност, некои од нашите онлајн-услуги ги користат услугите на мрежните анализи и додатоците на социјалните мрежи наведени во продолжение. Податоците што се користат за оваа намена се исклучиво нелични.

Google Analytics: Google Analytics Google Inc., 1600 Amphitheater Parkway Mountain View, CA 94043, САД, ги користи т.н. „колачиња“, односно текстуалните датотеки зачувани во Вашиот компјутер, за анализа на Вашето користење на нашите онлајн-услуги. По правило, информациите за Вашето однесување како корисник, собрани со „колачињата“, се префрлаат на серверот на Гугл во САД и се зачувуваат таму. Во случај на активирање на анонимизација на IP-адресите во мрежните услуги, Гугл ќе ја скрати Вашата IP адреса во земјите-членки на ЕУ и во европската економска област. Само во исклучителни случаи, целосната IP-адреса ќе биде испратена до серверот на Гугл во САД и таму ќе биде скратена. Во име на операторот на мрежните услуги, Гугл ќе ги искористи овие информации за да ја процени Вашата употреба на онлајн-услугите, да состави извештаи за таквите активности и да обезбеди други услуги за операторите на веб-страниците поврзани со користењето на онлајн-услугите и на активностите на интернет. IP-адресата што Вашиот пребарувач ја пренесува на Гугл Аналитикс нема да биде поврзана со други податоци што ги поседува Гугл. Можете да спречите зачувување на „колачињата“ со избирање на соодветни поставки во Вашиот прелистувач. Меѓутоа, во овој случај нема да можете да ги користите сите функции на нашите онлајн-услуги. Покрај тоа, можете да спречите собирање на податоци генерирани од „колачињата“ и нивно користење од страна на Гугл со преземање и инсталирање на плагин за прелистувачот достапен на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en. За подетални информации за условите за користење и политиката за приватност, видете го делот:
www.google.com/analytics/terms/gb.html или https://www.google.com/policies/.

Facebook плагини („копче за споделување“): Можете да ги препознаете апликациите од компанијата Facebook Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, САД, преку логото на Фејсбук или „копчето за споделување“. За да ги видите плагините за Фејсбук, Ве молиме кликнете на следниот линк: http://developers.facebook.com/docs/plugins/. При користење на нашите онлајн-услуги, плагинот воспоставува директна врска помеѓу вашиот прелистувач и серверот на Фејсбук. Значи Фејсбук е известен дека ги користите нашите онлајн-услуги преку Вашата IP адреса. Кога ќе кликнете на „копчето за споделување“ на Фејсбук, додека сте најавени на Вашиот профил, можете да ја ставите содржината на нашите онлајн-услуги на Вашиот Фејсбук профил. Притоа, Фејсбук може да ја поврзе употребата на нашите онлајн-услуги со Вашиот кориснички профил. Би сакале да истакнеме дека ние како даватели на онлајн-услуги, немаме никакви сознанија за содржината на пренесените податоци и нивната употреба од страна на Фејсбук. Повеќе информации побарајте во делот „Политика за приватност“ на Фејсбук на: https://www.facebook.com/policy.php. Ако не сакате да дозволите Фејсбук да ги поврзе користењето на нашите онлајн-услуги со Вашиот Фејсбук профил, одјавете се од Вашиот профил на Фејсбук.

Xing: Секојпат кога пристапувате до една од нашите онлајн-услуги преку Гзинг мрежата од XING AG, Dammtorstraße 29-32, 20354 Хамбург, Германија, воспоставена е врска со серверите на Гзинг. Колку што сме запознаени, на таа мрежа не се чуваат никакви лични информации. Гзинг не ги чува IP адресите, ниту пак ја оценува корисничката активност. За повеќе информации, видете ја „Политиката за приватност“ на Гзинг на: https://www.xing.com/app/share?op=data_protection.

YouTube: Јутуб е под раководство на Гугл или YouTube, LLC, 901 Cherry Ave., San Bruno, CA 94066, САД. Кога користите некоја од нашите онлајн-услуги опремени со додаток од Јутуб, се воспоставува врска со серверот на Јутуб, и информациите за онлајн-услугите што ги користите се пренесуваат на серверот на Јутуб. Кога се пријавувате на Вашиот профил на Јутуб, му дозволувате на Јутуб да ги поврзе Вашите активности за пребарување преку Интернет директно со Вашиот личен профил. Ова може да го спречите така што ќе се одјавите од Вашиот профил на Јутуб. За повеќе информации за користење на корисничките податоци на Јутуб, ве молиме погледнете ја „Политиката за приватност“ на Јутуб на: https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/.

 

Twitter: Твитер услугата е обезбедена од страна на Twitter Inc., 1355 Market Street, Suite 900, Сан Франциско 94103, САД. Кога ги користите Твитер и функцијата „ретвитни“, онлајн-услугите што ги користите се поврзани со Вашиот профил на Твитер и се пренесуваат до други корисници. Во исто време, податоците се пренесуваат и на Твитер. Би сакале да истакнеме дека ние како даватели на онлајн-услуги, немаме увид во содржината на преносот на податоците и во нивната употреба од страна на Твитер. За повеќе информации, прочитајте во делот „Политиката за приватност“ на Твитер на: http://twitter.com/privacy. Можете да ги промените поставките за приватност на Вашиот профил на Твитер преку адресата: http://twitter.com/account/settings.

LinkedIn: Поврзувањето на мрежата на Линкедин се одвива преку компанијата LinkedIn Corporation, 2029 Stierlin Court, Маунтајн Вју 94043, САД. Секој пат кога ќе пристапите до некоја од нашите онлајн-услуги што содржат функции од Линкедин, се воспоставува врска со серверот на Линкедин. На Линкедин се регистрира дека Вие ги користите нашите онлајн-услуги со Вашата IP адреса. Кога ќе кликнете на копчето „препорачај“ на Линкедин, ако сте најавени на Линкедин, Вашето користење на нашите онлајн-услуги може да биде поврзано со Вас и Вашиот профил на Линкедин. Би сакале да истакнеме дека ние како давател на нашите онлајн-услуги немаме увид во содржината на преносот на податоците и во нивната употреба од страна на Линкедин. За повеќе информации, видете ја „Политиката за приватност“ на Линкедин на: https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy

Hotjar: За да се подобри корисничкото искуство, некои од нашите онлајн-услуги го користат софтверот на Хотџар (http://www.hotjar.com, 3 Lyons Range, 20 Bisazza, Sliema SLM 1640, Малта, Европа). Хотџар ни овозможува да се измери и процени корисничката активност (движењата со глушецот, кликовите, видното поле). За таа цел, Хотџар става „колачиња“ на уредот на корисникот и може да ги складира податоците за корисникот, како на пример: информации за кој пребарувач се работи, кој оперативен систем, времето поминато на веб-страницата и така натаму. За детали за обработката на податоци од страна на Хотџар посетете ја страницата: www.hotjar.com/privacy.

Siteimprove: Сајтимпрув аналитикс е услуга за онлајн-анализа на Siteimprove A / S (Sankt Annæ Plads 28, 1250 Копенхаген, Данска) која користи „колачиња“, односно текстуални датотеки складирани во Вашиот компјутер и го анализира користењето на нашите онлајн-услуги. Информациите за користењето на нашите онлајн-услуги (вклучувајќи ја и шифрираната IP адреса на корисникот) собрани преку „колачињата“, се пренесуваат на серверот на Сајтимпрув во Данска и се складираат таму. Сајтимпрув ги користи овие податоци за да направи проценка на користењето на онлајн-услугите и да состави извештај за тоа. Сајтимпрув не ги пренесува добиените податоци на трети страни. Сајтимпрув ги складира и обработува собраните податоци во согласност со германските правила за заштита на податоците. Корисникот може да ја спречи инсталацијата на „колачиња“ со избирање соодветни поставки во софтверот на пребарувачот. Во овој случај, сите мрежни услуги може да не се целосно достапни за корисникот. За повеќе информации, проверете ја страната „Политика на приватност“ на Сајтимпрув на: https://siteimprove.com/legal/privacy-policy/

4. Употреба на лични податоци

Во суштина, личните податоци што сте ги дале, ги обработуваме и ги користиме само за одредени цели. Ова особено вклучува:

• Обезбедување, подобрување и поддршка на нашите онлајн-услуги: Ова вклучува анализа на податоци, идентификација на трендовите на користење, како и пресметки и статистика на кориснички примерок.

• Маркетинг: Вашите лични податоци ќе се користат само за маркетиншки цели, како што се анкети, наградни игри или други рекламни кампањи, ако сте се согласиле со таквата употреба. Во тој случај, Вашите податоци ќе се чуваат во период од 2 години, освен ако не е законски дозволено подолгорочно чување. Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци за маркетиншки цели може да се повлече во секое време. За повеќе детали, видете ја точка 5.

• Испраќање на њуслетер преку и-меил: Ако ја пополните веб-формата за да се регистрирате за добивање на нашиот њуслетер, податоците доставени до нас, исклучиво ги користиме за да потврдиме дека сте сопственик на наведената и-меил адреса и дека сакате да го добивате нашиот њуслетер, потоа за да составиме база на и-меилови на кои ќе го испраќаме њуслетерот и за да ја анализираме употребата на нашиот њуслетер. Во тој случај, Вашите податоци ќе бидат зачувани ва период од 2 години по престанокот на претплатата, освен ако од некои други причини, законски не е дозволено складирање на подолго време. Ние ќе ги користиме Вашите податоци за други цели само ако се согласувате со таквото користење.

• Нарачка на извештаи или други информативни материјали: Ако нарачувате извештаи или други информативни материјали од нас, лични податоци кои сте ни ги дале, ќе ги користиме исклучиво за обработка на Вашите нарачки, а најдоцна ќе ги чуваме максимум една година од последната нарачка. За извршување на нарачка, ние можеме да користиме услуги од трети лица на кои ќе им ги доставиме Вашите податоци исклучиво за извршување на Вашата нарачка. За понатамошни цели, само ги користиме личните податоци што сте ни ги дале и само ако сте ни дале Ваша согласност.

• Користење на контакт-формата: Ако ја користите контакт-формата за прашања, информациите наведени во формуларот за контакт, вклучувајќи ги и Вашите податоци за контакт, се користат за обработка на барањето и се чуваат за подоцнежна употреба ако се појави потреба за дополнителни прашања. Ако е неопходно за реализација на Вашето барање, ние можеме да ги пренесеме Вашите лични податоци на другите компании во склоп на групацијата Wienerberger (види став 4), или на трети страни кои се вклучени. Вашите лични податоци ќе се чуваат за времетраењето на обработката на барањето и во период не подолг од 2 години по завршувањето на обработката, освен ако од некои други причини законски не е дозволено да се чуваат подолг период.

• Вработување: Апликациите за вработување содржат лични информации (на пример биографија, информации за контакт, итн.). Таквите лични податоци можеме да ги користиме во рамките на Wienerberger групацијата (види точка 4), како би одлучиле дали да му понудиме вработување на кандидатот или да му одговориме на барањето. Само ако јасно се согласувате, податоците ќе ги чуваме во период од максимум три години од последниот контакт (освен ако од други причини законски е дозволено да се чуваат подолго време) за можно разгледување во подоцнежниот период.

• Извршување и управување со договор: За извршување на влезните нарачки (особено на нарачките за материјали), користиме услуги од трети лица на кои им ги пренесуваме Вашите податоци исклучиво за извршување на Вашата нарачка. Во врска со таквите трансакции, може да бидете контактирани во рамките на анкетата за испитување на задоволство на потрошувачите или за потребите за истражување на пазарот. Ако побарате од нас да не ги користиме Вашите информации за понатамошно контактирање, со сигурност ќе ги почитуваме Вашите желби.

• Заштита на правата и имотот: Ако имаме причина да веруваме дека правата и имотот на фирмата, нејзините снабдувачи и клиенти или трети страни биле, или би можеле да бидат нарушени, ние можеме да ги користиме и пренесуваме Вашите лични податоци со цел да ги заштитиме овие права и/или сопственост. Потоа, ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци, под услов таквото откривање да биде законски потребно или по налог на надлежни органи, за да ја заштитиме редовна постапка во согласност со постапката наведена на нашата/нашите веб-страница/и, и за заштита на горенаведените права.

• Чистење и консолидација на податоци: Од време на време, личните податоци кои сте ни ги дале, може да се проверат или да се консолидираат со (i) податоците од нашите постоечки регистри (онлајн и офлајн), (ii) податоците преземени од правниот претходник, или (iii) податоците од други извори.

5. Пренос и откривање на Вашите лични податоци

Во зависност од видот на услугата што сте ја побарале (на пр. повратен повик, нарачка, барање за услуги, информации итн), Вашите податоци можат да се разменуваат со трети лица вклучени во извршувањето на налогот (на пр. поштенски компании, банки, итн) или со другите компании на групацијата Wienerberger. Исто така, можеби ќе треба да ги откриеме личните податоци за да ги задоволиме законските барања или да извршиме одредени права и договори.

• Пренесување на податоци на трети страни: За извршување на одредени нарачки и обезбедување на одредени услуги, работиме со надворешни снабдувачи на услуги (на пример, агенти за посредување). Таквите даватели на услуги не смеат да ги користат или пренесуваат податоците собрани и обработени од нас за која било друга цел, освен за извршување на налог од компанијата.

• Користење на податоците во рамките на групацијата: Компанијата е дел од групацијата Wienerberger, меѓународна групација на компании со прекугранични внатрешни оперативни процеси, структури и технички системи. Ние можеме да ги користиме Вашите лични податоци во рамките на групацијата Wienerberger и, доколку е потребно, да ги пренесеме на нашите веб-страници во други земји за целите наведени во точка 3. и во согласност со овие Правила за приватност. Нашите упатства и процедури за заштита на податоците во рамките на Групацијата се осмислени на таков начин што осигуруваат подеднакво високо ниво на заштита на податоците во сите земји во кои работиме. За комплетна листа на компании од нашата групација, Ве молиме кликнете на: https://www.wienerberger.com/contact или https://www.wienerberger.com/the-company/company-sites


• Усогласеност со законите и слични обврски: Ќе ги пренесеме Вашите лични податоци за да можеме: (i) да спроведеме законски обврски или да се усогласиме со одреден закон, регулатива, налог на јавен орган или задолжителна мерка, (ii) да откриеме и спречиме закани за безбедност, измама или други злонамерни активности, (iii) да ги заштитиме и/или да ги спроведеме правата и имотот на компанијата или трети страни и (iv) да ги заштитиме правата и личната безбедност на нашите вработени и трети лица

6. Право на информација, право на повлекување и бришење на Вашите лични податоци

Имате право во писмена форма да побарате информации за Вашите лични податоци што сме ги складирале. Понатаму, во врска со користењето на Вашите лични податоци, имате право на исправка, бришење, поништување или ограничување на обработката, како и право да поднесете жалба до органот надлежен за заштита на податоците. Ве молиме да ги упатите таквите барања, како и сите други прашања на контактот наведен во точка 7.

Ако сте се претплатите за добивање на нашиот њуслетер, можете да се откажете со кликнување на „Откажи“или со кликнување на линкот за откажување кој се наоѓа во самиот њуслетер или со испраќање на барање на и-меил адресата office.mk@wienerberger.com.

За надгледување на обработката на личните податоци во Република Македонија надлежна е Дирекцијата за заштита на личните податоци, каде што лицето може да поднесе приговор доколку се повредат неговите права загарантирани со наведените прописи.

7. Безбедност на податоците

Компанијата користи широк спектар на безбедносни мерки за да се обезбеди доверливост и интегритет на Вашите лични податоци. Сепак, со оглед на природата на интернетот, сакаме да Ви го посочиме фактот дека можат да постојат безбедносни недостатоци во пренесувањето на податоци преку интернет (на пример, при комуникацијата преку и-меил) и дека целосната заштита на податоците од пристап на трети лица не е возможна.

8. Контакт

За какви било прашања во врска со овие Правила за приватност или со обработката на Вашите податоци, Ве молиме контактирајте со:

Винербергер дооел  Виница

Ул. ИГМ Пролетер бр. 1
Македонија
тел. 00389 33 361 332
е-маил: office.mk@wienerberger.com

Продажба