Business people and architect talking about a new building project in a meeting room

Кои сме ние

Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули, лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа, 
како и за бетонски плочи и плочки во Средна и во Источна Европа.

  • Глинени тули: број 1 во светот
  • Глинени ќерамиди: број 1 во Европа
  • Фасадни тули: број 1 во Европа
  • Бетонски плочки: број 1 во Европа

Wienerberger Building Solutions (WBS) присутен во 31 земја од Европа, како и во Кина, Индија и САД, брои повеќе од 10.200 вработени и поседува 227 погони во 27 земји. Компанијата Wienerberger е основана во Виена во 1819 година, каде што и ден-денес е нејзиното седиште.

Wienerberger AG е светски снабдувач на градежен материјал и инфраструктурни решенија со седиште во Виена. Ние сме единствен мултинационален произведувач на глинени блокови за ѕидови, фасадна тула и глинена ќерамида, пластични и керамички цевни системи, како и бетонски и глинени плочки.

Ние сме најголемиот светски произведувач на глинени блокови, а друштвото е водечко на пазарот и во останатите сегменти на нашето работење. Со оглед на тоа што е основано во 1819 година, можеме да се пофалиме со 200 години успешно работење.

Ние сме дел од деловната единица WBS, чија основана дејност е производство, снабдување и дистрибуција на градежен материјал од глина.  Седиштето на деловната единица WBS се наоѓа на адресата на Wienerberger во Виена, Австрија, од каде доаѓа и името на компанијата. На таа локација се наоѓаат седиштата и на деловната единица и на Wienerberger AG.

 

Нашите вредности

  • Експертиза
  • Ние постојано сме во процес на учење за да можеме да развиваме иновативни решенија со додадена вредност за благосостојбата на нашите клиенти.
  • Ја држиме водечката улога во технологијата и трендовите во индустријата за градежни материјали, како и на подрачјето за инфраструктурни решенија.
  • Ги користиме најсовремените системи и процеси, кои даваат дополнителна вредност за нашите клиенти
  • Страст
  • Горди сме на решенијата и услугите што ги нудиме.
  • Веруваме во позитивното влијание на нашата работа на околината и на животните услови на нашите купувачи. Оваа преданост ја комуницираме, а на другите им ја пренесуваме нашата страст.
  • Горди сме на тоа што сме експерти во нашите подрачја на работа, па со нашите колеги отворено ја споделуваме нашата експертиза и информации.
  • Интегритет и почитување
  • Нашите клиенти и колеги ги третираме онака како што сакаме да бидеме третирани.
  • Ги прифаќаме разликите во мислењата кои можат да придонесат за напредок.
  • Ги цениме различностите и во развојот на решенијата го внесуваме нашето разбирање на регионалните и на културолошките разлики.
  • Насоченост кон купувачот
  • Ние ги разбираме потребите на нашите купувачи и за нив обезбедуваме решенија со додадена вредност.
  • Сфаќаме дека нашиот успех зависи од успехот на нашите купувачи.
  • Активно и редовно комуницираме со нашите купувачи за да ги разбереме нивните потреби и за да го задржиме добрите деловни односи.
  • Претприемништво
  • Успехот на нашата компанија е наш успех, работиме предано и одлучно.
  • Испорачуваме решенија, а не проблеми.
  • Управуваме со парите на компанијата како што управуваме со нашите.
  • Квалитет
  • Се имаме обврзано на нашите купувачи да им ги испорачуваме најквалитетните градежни материјали и инфраструктурни решенија.
  • Нашата работа ја темелиме на континуирано подобрување на решенијата и процесите.
  • Јасно ни е дека за квалитетот може да се говори само ако се препознае.
 
  • Експертиза
  • Искрено и отворено комуницираме со нашите колеги и купувачи.
  • Кон нашите колеги и купувачи се однесуваме со почит.
  • Се водиме од јасно дефинирани цели и обезбедуваме конструктивни повратни информации.
 
Male and female project manager collaborating in front of computer screen at office

Пријава за Newsletter

Претплатете се на нашиот Newsletter и бидете први што ќе ги дознаете нашите најнови вести, производи, статии и промоции.
Внесете го Вашето име и е-пошта.

Продажба