Станува збор за една од најпрестижните награди што се доделува на секои две години и опфаќа проекти кои оставаат значаен и траен белег во архитектурата. Следната награда Wienerberger Brick Award ќе биде доделена во 2020 година.
„Brick Award '20“ посебен акцент става на природната интеграција во околината, геометријата, карактерот, но и на квалитетот на зградата и на осветлувањето.
За да може да се конкурира на конкурсот, значителен дел од проектот мора да биде изведен од тула, а завршувањето на изведбата на проектот мора да биде во 2014 година или подоцна. Ќе се оценуваат нови, реконструирани и обновени згради, кои се енергетски ефикасни и еколошки прифатливи.
Проектите мора да објаснат на кој начин ќе се унапреди квалитетот на живеење и да имаат одговорен и одржлив пристап кон архитектурата, а при пријавувањето треба да се назначи за која категорија конкурира објектот.
Едносемејни куќи, куќи во низа и помали проекти на групирани куќи градени според високите стандарди на архитектурата, кои нудат комфорни, здрави и одржливи простори за живот.
Повеќесемејни куќи – иновативни станбени решенија кои ги имаат земено предвид и предизвиците на модерната урбанизација, како што се недостатокот на простор, општествените предизвици и новите концепти на живеење.
Комфорни, естетски убави и функционални деловни згради, канцеларии и индустриски објекти.
Комфорни, естетски приспособени и функционални јавни згради за образовни, културни и здравствени намени, јавни простори и инфраструктурни проекти.
Иновативни концепти и начини на користење на тулата, користење на нови технологии за градење, посебни видови тули, уникатни тули и посебни украси.
Пред номинацијата за меѓународниот конкурс „Brick Award '20“, ќе се спроведе конкурс на регионално ниво Brick Award 17 SEE, на кој експерти ќе ги одберат најдобрите проекти од целиот регион (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово).
Сите трудови пристигнати до април 2017 година, ќе ги оценува стручно жири, кое се состои од реномирани архитекти, членови на Комората за архитекти и просторно планирање на Словенија и на Хрватската комора на архитекти.
Проектите избрани на регионално ниво, ќе бидат пријавени на меѓународниот конкурс „Brick Award '20“!
За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.
Повеќе информации за Brick Award.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас