Brick Award е меѓународно наградување на извонредна архитектура од тули. За наградувањето Brick Award 2022 година, Винербергер ги поканува архитектите, архитектонските критичари и новинари за архитектура од Македонија да ги пријават своите објекти.
Наградувањето Brick Award, кое првпат е воведено во 2004 година, е награда која се доделува на секои две години за извонредни примери на современи и иновативни архитектонски решенија со употреба на тули. Архитекти, критичари и новинари за архитектура можат онлајн да достават апликација на проекти.
Апликациите за Brick Award 2022 започнаа на 11 јануари и ќе траат се до 8 април 2021 година. Номинираните проектите во потесниот избор ќе бидат објавени на веб-страницата, како и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Победниците на натпреварот ќе бидат претставени на церемонијата на доделување на наградите Brick Award во 2022 година.
Важен критериум за доставување апликации е дека значителен дел од проектот мора да се состои од глинен градежен материјал и да биде актуелен проект завршен во или после 2018 година.
Проектите не мора строго да се градат со глинени материјали на Винербергер, ова не е предуслов за аплицирање.
Може да се пријават проекти во кои се употребени нови или користени тули.
По завршувањето на фазата на пријавување, жири од новинари и критичари на архитектура ќе одберат 50 проекти номинирани за оваа награда. Овие проекти ќе го најдат своето место во книгата Brick 22 во пролетта 2022 година. После тоа, меѓународното жири ќе ги избере победниците.
Ги oчекуваме Вашите апликации! www.brickaward.com
Винербергер е најголемиот светски производител на тули и лидер на пазарот во производство на ќерамиди во Европа.
Винербергер е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули (Porotherm, Terca), лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа (Koramic, Tondach), како и за бетонски плочи и плочки (Semmelrock) во Централна и во Источна Европа. Во системите за цевки (керамички цевки Steinzeug-Keramo и пластични цевки Pipelife), компанијата е еден од водечките добавувачи во Европа.
За повеќе информации за натрпреварот Brick Award, посетете ја веб-страницата www.brickaward.com
Ако имате прашања околу Brick Award, Ве молиме контактирајте:
Veronika Schuster-Hofinger, Менаџер на проектот Brick Award
Т +43 1 601 92 - 10552 | veronika.schuster-hofinger@wienerberger.com