- Архитектите, критичарите за архитектура и новинарите се повикани да пријават проекти.
- Периодот за пријавување е од 7 јануари до 30 март 2019 година.
 
Виена, 20 декември 2019 година. Наградата „Brick Award“ на „Wienerberger“, која за првпат беше воведена во 2004 година, е двегодишна награда за архитектура наменета за исклучителни примери на модерна и иновативна архитектура од тула. Во 2020 година, „Wienerberger“ по деветти пат ќе ја додели оваа меѓународна награда, па го објавува својот повик за пријавување. Пријавувањето на проектите може да се направи преку онлајн-алатката од страна на архитектите, критичарите за архитектура и новинарите. Во 2018 година имаше исклучителен одѕив на учесници – околу 600 проекти од над 50 земји.
 
Критичарите за архитектура, новинарите и архитектите можат да пријавуваат проекти преку онлајн-алатката сè до 30 март 2019 година на:  www.brickaward.com
 
„Brick Award“ е и парична награда во вредност од 7.000 евра за добитникот на Големата награда (кој е воедно и Победник во една од категориите) и по 5.000 евра за секој од останатите четворица победници во останатите категории.
Наградата се доделува во пет категории:
• Feeling at home;
• Living together;
• Working together;
• Sharing public spaces;
• Building outside the box.
 
Со наградата „Brick Award“, „Wienerberger“ го привлекува вниманието на исклучителни примери на архитектура од тула.
Последната категорија цели кон иновативни концепти и начини на користење на тулата, како нови технологии за градење или со вклучување на специјално направени тули или нов тип на орнаментација во проектот. Керамичките производи мора да играат значителна улога во пријавениот проект, без разлика дали станува збор за глинени блокови или фасадни тули, глинени плочки или глинени подни плочки. Користењето на производите на „Wienerberger“ не е задолжителен услов за учество. Специјално внимание ќе се посвети на тоа како во проектот се искомбинирани функционалноста, одржливоста и енергетската ефикасност. Бидејќи се внимава на актуелноста, дополнителен критериум е проектот да бил завршен во 2016 или подоцна.
 
Од сите пријавени, комисијата ќе избере 50 проекти кои ќе бидат номинирани за „Brick Award“.
По завршувањето на периодот за пријавување, 30 март 2019 година, комисија составена од новинари и критичари за архитектура ќе направи избор од 50 проекти од сите пријавени , кои ќе бидат номинирани за наградата „Brick Award 2020“ на „Wienerberger“ и ќе бидат објавени во публикацијата „Brick20“ пролетта 2020 година. Потоа, меѓународно жири составено од архитекти ќе ги избере победниците во секоја од петте категории, како и добитникот на Големата награда.
 
Сите номинирани проекти ќе бидат објавени во книгата „Brick20“.
Официјалната церемонија на „Brick Award“ ќе се одржи во Виена, пролетта 2020 година. Во тоа време ќе биде објавена и книгата „Brick20“, во која ќе бидат вклучени сите 50 номинирани проекти.
 
Ги очекуваме вашите пријави! www.brickaward.com
„Wienerberger“ е најголемиот производител на тули (Porotherma, Terca) во светот и лидер на пазарот на глинени ќерамиди (Koramic, Tondach) во Европа, како и во бетонски плочки во Централна и Источна Европа. Во сегментот на системи за цевки (керамички цевки Steinzeug-Keramo и пластични цевки Pipelife), компанијата е еден од водечките снабдувачи во Европа. Со своите 197 производствени погони во 30 земји, „Wienerberger“ генерираше обрт од 3 милијарди и 119 милиони евра, а оперативната добивка пред оданочувањето (ЕБИТДА) на компанијата во 2017 година изнесувашe 415 милиони евра.
Основана во 1819 година, „Wienerberger“ е горда на својата 200-годишна историја. Успесите на компанијата се должат на тулата како производ. Денес, компанијата се темели и на други производи освен на тулата: „Wienerberger“ е компанија што котира на меѓународна берза (Vienna Stock Exchange) и единствениот мултинационален производител на глинени блокови, фасадни тули и ќерамиди, керамички и пластични цевки и бетонски и керамички подни плочки.
 
Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте нè:
Вероника Шустер-Хофингер, проектен менаџер за маркетинг и комуникации на Brick Award, „Wienerberger – материјали за градење од глина“ – Европа | Тел.: +43 1 601 92 - 10552 | veronika.schuster-hofinger@wienerberger.com

Wienerberger Brick Award 2020 - Станете победник!

Слични статии