Прогласувањето на победниците на Brick Award 2022 се одржа во Музејот на применета уметност во Виена.
Прогласувањето на победниците на Brick Award 2022 се одржа во Музејот на применета уметност во Виена.
Heimo Scheuch - Извршен директор на Wienerberger Austria истакна на церемонијата на доделувањето на наградите:
„Каква фантастична вечер!
Ја имав честа да ја врачам Големата награда на овогодинешниот натпревар Brick Award. Повторно му честитаме на Studio Zhu Pei, кој го импресионираше жирито со проектот Jingdezhen Imperial Kiln Museum - China во градот Jingdezhen. Она што навистина ме импресионираше е финесата на проектот, како и употребата на 2,8 милиони нови и реупотребени тули, што за мене ја покажува важноста на кружната економија. Благодарност до сите победници и учесници на овогодинешниот натпревар Brick Award. Ве молиме, продолжете да го отворате патот за одржлива градба!“
Наградите се доделија во пет категории, заедно со наградата за целокупниот победник на натпреварот. Победниците во петте категории, и тоа „Feeling at Home“, „ Living together“, „Sharing public spaces“, „Working together“ и „Building outside the box“, како и целокупниот победник на натпреварот може да ги видите овде: