Со добра вентилација, вашиот објект буквално дише. Токму поради тоа, глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од другите. Со температура на печење од над 1.000 °C, се зголемува компактноста на глинената маса и глинениот покрив се претвора во водоотпорна мембрана, која пропушта пареа. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаноста на температурата.
За воздухот непречено да струи, потребно е на неговиот излез да се обезбеди минимално половина од површината за проветрување од таа што е остварена на неговиот влез.