Разновидноста на модели и големини на покривните прозорци Tondach ќе ви овозможат да го одберете најсоодветниот модел за вашиот дом.
Разновидноста на модели и големини на покривните прозорци Tondach ќе ви овозможат да го одберете најсоодветниот модел за вашиот дом.
Најпопуларните, основни и сигурни модели на покривни прозорци
Дизајнот на покривните прозорци Tondach е проектиран така што хоризонталната оска на прозорецот се наоѓа на средината, што ви овозможува да го оставите прозорецот отворен дури и кога не сте дома, како и да го ротирате крилото околу својата оска 180 ° , што го прави едноставен и лесен за одржување. Рачката лоцирана на дното на прозорецот ви овозможува да ја затворите цврсто или да го оставите крилото во две главни положби за да влезе свеж воздух во просторот.
Бидејќи отворот за вентилација се наоѓа на горниот дел од рамката, ефективната застаклена површина на прозорците Tondach е 6% поголема од другите покривни прозорци што се достапни на пазарот. Ова придонесува за подобро осветлување на просторот.
Преку иновативен систем, прозорецот е заштитен од можни обиди за удар на надворешната страна на прозорот, кршење на рачката со алат, кршење на стаклото на прозорецот, разбивање на рамката
Секогаш свеж воздух на поткровјето!
Добрата вентилација обезбедува здраво домување, затоа е важно да се обезбеди соодветна вентилација.
Вентилација V40P обезбедува автоматско регулирање на протокот на воздух
Големата функционалност обезбедена од автоматската вентилација V40P оптимално ја дозира количината на чист воздух, обезбедува здрава микроклима во покровјето и спречува претерано ладење на просторијата. Со задржување на топлината во студените денови, се обезбедува постојана температура во зима, што значи пониски сметки за греење. Дифузерот обезбедува висока непропустливост и штити од прашина и инсекти однадвор.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас