Освен производството на висококвалитетни производи, обезбедувањето долг период на користење на целиот покрив и безопасна средина за корисниците е основна задача на „Винербергер“. Климатските промени, зголемувањето на честотата и силата на невремињата водат до зголемување на барањата од покривните конструкции. Во тој поглед, „Винербергер“ нуди палета керамички и некерамички додатоци, кои го дополнуваат покривниот систем и служат за обезбедување долг живот на покривот и целосна отпорност при силни невремиња, снежни навеви и обилни дождови. Елементите за прицврстување, како држачите за прицврстување не дозволуваат поместување и/или подигнување на ќерамидите при силни ветрови. Климатските промени се земени предвид и при новиот дизајн на ќерамидите Tondach Continental 9. Со профилираниот вертикален фалц се обезбедува подобро прицврстување на ветробраните, соодветно се намалува ризикот за доаѓање до штети на покривот при силни невремиња, како и трошоците за поправка.
Освен шајките за фиксирање на ќерамидите при ветер, „Винербергер“ за новиот производ нуди и снегобрани, кои служат за спречување на лавинско свлекување на големи маси снег, што би го загрозило здравјето и животот на минувачите покрај куќата. Правилното задржување на снегот е особено важно во зоните со поинтензивни врнежи на снег, каде што можат да се користат и цели системи со снегобрански решетки. Дополнително за задржувањето на снегот можете да прочитате тука