Последователното одделување на слоевите на надворешниот ѕид е поинаков начин за покривање на барањата на надворешните ѕидови. Тука секој слој има посебна функција и одговара за исполнување на одреден индикатор.
Последователното одделување на слоевите на надворешниот ѕид е поинаков начин за покривање на барањата на надворешните ѕидови. Тука секој слој има посебна функција и одговара за исполнување на одреден индикатор.
Ѕидот од тули однатре се измазнува. На тој начин термоизолацискиот систем ќе ја обезбеди неопходната термоизолација и ќе заштити од надворешни влијанија, а ѕидот од тули ќе придонесе за цврстината и трајноста на ѕидот.
Изборот на термоизолациските системи на пазарот е голем – според видот на користениот термоизолациски материјал и според завршното покривање.
Од практична гледна точка, повеќето термоизолациски системи обезбедуваат речиси ист степен на термоизолација при една иста дебелина на термоизолацискиот слој. Тогаш на дневен ред доаѓаат останатите карактеристики на материјалот.
Задачата на керамичкиот ѕид на прв поглед изгледа лесна – да ја осигура цврстината на ѕидот. Повеќето тули се справуваат со тоа. Но, со тоа не се исцрпува улогата на керамичкиот ѕид. Тој треба да обезбеди сигурна основа за прицврстувањето на спојките на термоизолацискиот систем.
Со својот густ растер на внатрешните ѕитчиња, како и со дебелиот надворешен ѕид на блокот, Porotherm 25 N+F обезбедува здрава основа за прицврстувањето на спојките на термоизолацискиот систем – за разлика од тулите со хоризонтални шуплини, кои имаат тенки внатрешни ѕидови и големи растојанија меѓу внатрешните прегради.
Како и кај останатите блокови на Porotherm, така и кај Porotherm 25 N+F при производството на блокот се користат дрвени струготини, кои ја прават керамиката порозна, со оглед на тоа што на тој начин се подобрува термоизолациската способност и се овозможува намалување на дебелината на термоизолацискиот систем.
Ѕидот изграден со Porotherm 25 N+F има поголема густина во споредба со ѕидовите изградени со тули со хоризонтални шуплини. Така, термоакумулациската способност е поголема и при драстична промена на температурата на воздухот во просториите се зачувува повеќе топлина.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас