2. Природна топлинска изолација и климатизација
Промените на климата и грижата за намалување на штетните емисии во природата од една страна, како и осиромашувањето на изворите на енергија од друга страна, ја прави темата “ефективна топлинска изолација” исклучително актуелна.
Кога сакаме да ги минимизираме трошоците за топлинска изолација, не можеме да го изоставиме фактот дека ладењето на домот исто така подразбира потрошувачка на енергија, која е поголема од трошоците за греење. Но, природата се погрижила и за тоа, да можеме да си обезбедиме природна климатизација уште кога го создаваме својот дом. Керамиката има многу добра акумулирачка способност. Благодарение на тоа температурните флуктуации се неутрализираат без потреба од дополнителна потрошувачка на енергија и внатрешната клима се регулира по природен начин.
Тулите Porotherm се произведуваат со додаток на согорувачки состојки (најчесто дрвени струготини) што горат при палење и формираат порозна структура така што топлинско изолационата карактеристика на тулите значително се подобрува. Отворите во внатрешноста на блокот се вертикално распределени - со ставањето на растворот во хоризонталните фуги, воздухот се затвора во нив и топлинската изолација на блоковите значително се подобрува. На пример на ѕид исполнет со Porotherm 38 N + F Comfort, коефициент на топлопропустливост е 0,27 W / mK, што ги опфаќа најновите барања според тековната регулатива за складирање на топлина и зачувување на енергијата.