Porotherm Thermo

Porotherm 25 Thermo – новото енергетски ефикасно решение за ѕидови

Блоковите за ѕидање Porotherm 25 Thermo се иновативно решение од природен и традиционален материјал. Новиот блок за ѕидање од „Винербергер“ е со подобрени термоизолациски карактеристики, нов дизајн на решетката и подобрена волуменска тежина.

Подготовка на глина

Градежната керамика, особено порозираната, има голем број предности пред останатите градежни материјали, иако во оваа статија во најголема мера ќе се концентрираме на нејзините термоизолациски својства. Градежно-керамичките производи имаат ниска спроводливост на топлина, мала волуменска тежина и одлична способност за акумулирање топлина, така што просториите изградени со ѕидови од тули се топли во текот на зимата и ладни налето.

Но, што ги прави блоковите за ѕидање на „Винербергер“ уникатни на нашиот пазар? Да почнеме од самиот производствен процес и изборот на суровините, зашто тајната лежи токму во рецептурата. Ние во „Винербергер“ ја порозираме керамиката, односно, со други зборови, додаваме порозивни природни материјали (најчесто дрвени струготини) во глината, кои во процесот на печење изгоруваат и формираат пори во керамичкиот скелет, со што ја намалуваат неговата густина и ги подобруваат термоизолациските својства на блоковите за ѕидање Porotherm.

Со голема брзина растат барањата за енергетска ефикасност на градбите, а за жал со уште поголема брзина растат и цените на основните енергенси. Ако ги разгледаме барањата за референтните вредности на коефициентот на пренос на топлина (U-вредноста) на различни градежни материјали, моменталните барања на коефициентите на пренос на топлина на ѕидови, подови и прозорци се двојно повисоки во споредба со нивната вредност, на пример, во 2000 година. Се разбира, заедно со нив се зголемуваат и барањата за термоизолациските својства на градежните материјали.  

Porotherm Thermo
Porotherm Thermo

За да одговориме на најновите барања на пазарот во врска со техничките карактеристики на производите и за да обезбедиме иновативни решенија за нашите клиенти, ние во „Винербергер“ создадовме нов блок за ѕидање со нова рецептура, оптимизирана волуменска тежина и нов дизајн на решетката на блокот. На тој начин, успеавме да ги подобриме термоизолациските својства на производот, па пресметаниот коефициент на пренос на топлина lu на нашиот нов блок – Porotherm 25 Thermo е намален на 0,168 W/(mK). Во овој случај, при ѕидови со блокови Porotherm 25 Thermo потребно е 2 cm помалку термоизолациски материјал во споредба со стандардните блокови Porotherm 25 (lu = 0,26 W/(mK)) за постигнување на ист коефициент на пренос на топлина на ѕидот (U-вредност), со што, соодветно, можеме да заштедиме на трошоците за термоизолациски материјал. Ако, пак, ги споредиме ѕидовите изградени со Porotherm 25 Thermo и Porotherm 25, при иста дебелина на термоизолацискиот материјал, можеме да го намалиме коефициентот на пренос на топлина на ѕидот изграден со новиот блок за ѕидање Porotherm 25 Thermo за околу 10%, т.е. да ја зголемиме енергетската ефикасност на градбата и да имаме помали трошоци за греење и ладење

Трајност на керамиката

Една од дефинициите за одржлив развој вели дека тој претставува пресретнување на тековните потреби на луѓето без да се загрози можноста на идните генерации да ги пресретнат нивните потреби. Глината е суровина која се користи како градежен материјал илјадници години. Најстарите тули, исушени тули на сонце за градење се користеле 14.000 години пр.н.е. во библискиот град Ерихон. Грижата за животната средина, нејзиното зачувување и обезбедувањето добар живот за идните поколенија се прашања на кои „Винербергер“ активно работи секој ден. За овие цели „Винербергер“ постојано ги оптимизира и процесите во производството, и своите производи. Блоковите за ѕидање Porotherm 25 Thermo не само што имаат подобрени термоизолациски карактеристики, туку при оптимизирањето на рецептурата и решетката на производот успеавме да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксид за време на производството, за да им овозможиме на нашите клиенти градежен материјал кој ќе трае и за идните поколенија и дополнително да помогнеме во процесот на обезбедувањето подобра иднина на новите генерации. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба