Semdrain heroimage

SemDrain® - Ја носат водата на вистинскиот пат!

SemDrain® нуди богата палета на одводни канали и додатоци за квалитетно одводнување на површинските води.

Иднината на градовите, во услови на динамични климатски промени, бара размислување на иновативен начин и долгорочна грижа за природата. Значителна улога во моделирањето на „микроклимата“ во градската средина имаат големите урбанизирани територии, како патиштата, уличната и тротоарната мрежа, плоштадите, парковите итн. Сите тие во голема мера придонесуваат за климатската удобност во градовите. Честопати не размислуваме на тоа дека овие преовладувачки „запечатени“ површини не дозволуваат водата од дождовите да се впие директно во почвата. Како резултат на тоа, за време на обилни дождови системите за канализација се преоптоваруваат, а нивото на површинските води драстично расте, што, пак, го зголемува ризикот од материјални штети. Токму затоа, проектирањето на ефективен систем за задржување и одведување на насобраната вода околу зградите, на тротоарите, коловозите, патеките и паркинзите е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови. 

Зошто да изберете SemDrain®?

Предности

Одводните канали SemDrain® се изработени од еден од најцврстите полимерни  материјали – полипропилен. Тој е  доволно е цврст и издржлив на високи оптоварувања, остри температурни амплитуди, отпорен е на соли, киселини и бази. Производите SemDrain можат да се рециклираат и имаат:

» Мала тежина

» Голема цврстина

» Лесно склопување 

» Хидраулични својства

» Отпорност на лизгање

» Хемиска отпорност

» Лесно чистење

» Заштита од кражба

Од каков материјал се изработени системите за дренажа SemDrain®?

Полипропилен

Одводните канали SemDrain® се изработени од еден од најтрајните полимерни материјали – полипропилен. Тој е отпорен на високи температури благодарение на неговата точка на топење од 160°C, доволно е тврд и издржлив на големи оптоварувања и на остри температурни амплитуди. Неговата висока хемиска отпорност на соли, киселини и бази го прави одлично решение дури и хемиската, фармацевтската и нафтената индустрија. 

Видови одводни канали

SemDrain® DIY („Направи сам“)

Погодни за зони со ниско оптоварување:

  • Пешачки и велосипедски зони

  • Зелени површини и градини

  • Училишни дворови 

Димензии: 50 x 100 mm и 100 x 100 mm

Класа на оптоварување: А15

 

SemDrain®

Погодни за зони со високо оптоварување:

  • Автомобилско оптоварување

  • Паркинзи за автомобили

  • Гаражи 

Димензии: 100 x 100 mm

Класа на оптоварување: B125 и C250

Кој SemDrain производ да го изберете?

Направете сами или SemDrain® DIY одводните канали се достапни во две димензии, 50x100x1000 и 100x100x1000 (светол отвор) и се погодни за површини што ги користат пешаци и велосипедисти, зелени и градинарски површини, училишни дворови.

Одводните канали за поголемите класи на оптоварување, B125 и C250, се достапни во димензии 100x100x1000 (светол отвор) и се погодни за места за пешаци и возење, паркинзи како и за ленти за застанување на патишта на кои не се вози.

Која решетка да ја изберете? 

Решетките за одводните канали се изработуваат од различни материјали и благодарение на тоа можат да се адаптираат на индивидуалните потреби и желби. Можат да се поставуваат во различни сектори и средини како што се индустриските производствени погони, каде што е честа употребата на супстанции што предизвикуваат корозија. 

Решетките се највидливиот дел од одводниот канал, кој воедно е и најизложен на надворешни влијанија, и затоа треба да бидат издржливи на оптоварувања и напрегања. Оптоварувањата се класифицираат во согласност со стандардот EN 1433 и тие ги определуваат карактеристиките и параметрите на кои треба да одговори решетката според оптоварувањето што може да го поднесе. 

Дополнителна опрема што го комплетира системот за одводнување:

  • Краен затворач
  • Краен затворач со отвор за истекување
  • Приклучоци
  • Четиринасочен конектор за DIY канали за одводнување
  • Ревизиска шахта

SemDrain производи

SemDrain одводни канали

SemDrain® полипропиленски канали за атмосферско одводнување со различни класи на оптоварување. Погледнете ја комплетната понуда како и сите информации за производите.

Повеќе

SemDrain дополнителна опрема

Дополнителната опрема овозможува премин од одводните канали до цевководниот систем и одводните шахти.

Повеќе

email, chat and telephone symbols

Имате прашања за нашите производи?

 Контактирајте ги нашите комерцијални преставници

Ви треба дополнителна помош?

Нудиме бесплатна техничка поддршка

Контактирајте не!

Локации на дистрибутери

Најдете го најблискиот дистрибутер

Продажни подрачја

Контактирајте ги нашите комерцијални преставници

Слични статии

Продажба