1. ОРГАНИЗАТОР НА КАМПАЊАТА
1.1. Програмата ПРОплус, во натамошниот текст Програма, е програма за долгорочно партнерство спроведена на територијата на Република Северна Македонија. Програмата е организирана и спроведена од Друштво за производство троговија и услуги „Винербергер“ ДООЕЛ Виница, со седиште на ул.ИГМ Пролетер бр.1, во Виница, ЕМБС: 4056361, во понатамошниот текст, како „Организатор“ и „Организатори“ заедно.
2. ТЕРИТОРИЈА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА
2.1. Програмата се спроведува на територијата на Република Северна Македонија, а информациите за програмата може да се најдат на Интернет корпоративната веб-страница на компанијата „Винербергер“ ДООЕЛ - www.wienerberger.mk, кај комерцијалните претставници на продажбата на „Винербергер“ ДООЕЛ.
2.2. Учеството во програмата се врши преку регионалните претставници на продажбата на Организаторите.
3. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА
3.1. Програмата започнува во 00.00 часот на ден 01.01.2021 година, и вклучува правни и фактички активности на Организаторите, насочени кон :
3.1.1. објавување и популаризација на Програмата со цел да се запознае максималниот број на лица со квалитетите и карактеристиките на производите на „Винербергер“ ДООЕЛ, засновани врз основа на целосно објективни податоци, факти и околности; и
3.1.2. обезбедување на информативни материјали и лични услуги на секое правно лице кое се пријавило за доброволно учество во Програмата, на начин што не го нарушува неговото право на слободен избор и не ги нарушува односите на конкуренцијата на соодветниот пазар во земјата.
4. ОПШТИ ПРАВИЛА
4.1. Учесниците во Програмата се должни да ги исполнуваат условите и правилата опишани подолу, назначени како Општи правила.
4.2. Општите правила се објавуваат на веб-страната www.wienerberger.mk и ќе бидат достапни за целото времетраење на Програмата.
4.3. Организатор го задржува правото да врши измени или дополнување на Општите правила, со тоа што промените ќе стапат во сила по нивното објавување на веб страницата www.wienerberger.mk
4.4. Со учеството во Програмата, учесниците се согласуваат со Општите правила и се согласуваат да се придржуваат кон условите на Програмата.
4.5. Спроведувањето и учеството во Програмата се спроведува во согласност со овие правила на Програмата.
4.6. Секој учесник може да учествува во Програмата само по прифаќање и почитување на овој Правилник. Освен ако учесникот по писмен пат не се спротивставил на специфични одредби од овие правила, се смета дека истиот со своите постапки и неактивности насочени кон учество во Програмата, ги прифатил овие правила во целост и се согласил со сите услови.
4.7. За да учествува во Програмата, учесникот ја користи својата регистрација, добиена од регионалните продажни претставници на „Винербергер“ ДООЕЛ во согласност со регулативите на програмата.
5. ПРАВО НА УЧЕСТВО
5.1. Право на учество во Програмата имаат сите мали и средни градежни компании, регистрирани на територија на Република Северна Македонија.
5.2. Вработените во „Винербергер“ ДООЕЛ, како и нивните роднини и нивните семејства, немаат право да учествуваат во Кампањата.
5.3. Учеството во Кампањата подлежи т.е е условено со купување на производи, учесниците во своите проекти мораат да користат само Wienerberger материјали: Porotherm тули – Energy+ или Comfort, Tondach ќерамиди, дополнителни покривни елементи и успешно ја имаат завршено едукацијата на Wienerberger.
6. ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА
6.1. Да им се овозможи на учесниците, кои преку својата регистрација изјавуваат волја за учество во Програмата, детално да се запознаат (преку информативни материјали, лични средби со претставници на „Винербергер“ ДООЕЛ и / или на друг начин не забранет со закон) со производите на организаторите и придобивките од нивната употреба.
6.2. Да се воспостави комуникација помеѓу потрошувачите и Винербергер со цел да се стекнат со совети за максимално ефикасна употреба на производите на компанијата „Винербергер“ ДООЕЛ.
7. МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА
7.1. Секој што сака да учествува во Програмата може да го стори тоа:
7.1.1. Со пополнување на формулар на обуките или на веб страницата www.wienerberger.mk , директен контакт со вработените на Wienerberger или со испраќање на порака со барање за членство на e-mail адресата proplus.mk@wienerberger.com:
7.1.2. Секој учесник има право на една регистрација, без оглед на тоа колку формулари за регистрација има пополнето.
7.1.3. Членството во PROplus програмата за вас е бесплатно. Единствено треба да се согласите дека правилно ќе ги користите Wienerberger производите и ќе градите квалитетно и одговорно во согласност со правилата за градење.
8. ОПИС НА ПРОГРАМАТА
8.1. Добивање на поени :
За секој купен производ од палетата на производи што ги нуди „Винербергер“ ДООЕЛ, без оглед каде е купен, учесниците во Програмата имаат право да добијат одреден број поени. Точниот број на поени што учесникот ги добива за одреден купен производ се објавени на веб-страницата www.wienerberger.mk
8.2. Поени се добиваат во моментот кога ќе ве посети претставникот на „Винербергер“ ДООЕЛ во вашето градилиште. Тогаш се запишуваат сите „Винербергер“ ДООЕЛ производи што ги користите на тој објект и се фотографира објектот. За секој производ се дефинирани бодови кои зависат од категоријата во која се наоѓате – повисоките категории имаат повеќе бодови и повеќе попусти. 1 поен вреди 50 денари. Поените се собираат во тековната година – од 01.јануари до 31.декември. Поените може да се искористат најдоцна до 30 јуни идната година. Поените се добиваат поединечно за секој производ, а додатно се наградува секој премиум објект на кој се користат повеќе производи -“Премиум куќа” и “Премиум покрив” Додатни пакети со кои се добиваат додатни поени:
Премиум Куќа – се однесува за користење на производи: тули, ќерамиди, додатни елементи за покрив
Премиум покрив – се однесува за користење на целосно решение за покрив – ќерамиди и додатни елементи.
Состојбата на поени се проверува директно контактирајќи со претставникот на „Винербергер“ ДООЕЛ или со праќање на e-mail порака со прашање за состојбата на бодови на e-mail адреса proplus.mk@wienerberger.com.
8.3 Користење на поени:
За поените-бодови се издаваат ваучери. Ваучерите се издаваат на почеток на секоја година за бодовите од претходната година. Поените може да се искористат во било кое време од годината, а најдоцна до 30 јуни од наредната година. Доколку поените не се искористат до 30 јуни идната година тие се бришаат. „Винербергер“ ДООЕЛ издава ваучер кој содржи: фирма на која се издава ваучерот, име и презиме на корисникот на ваучерот, број на поени, вредност на попустот во денари (1поен=50ден +ДДВ), дистрибутер каде ќе превземаат производите, место, издавач на ваучер, датум на издавање на ваучер. Ваучерот се доставува на корисникот од страна на комерцијален претставник „Винербергер“ ДООЕЛ. Корисникот на ваучерот купува производи на „Винербергер“ ДООЕЛ кај дистрибутерот и сметката му се намалува за вредноста на ваучерот.
8.4 Категории во програмата:
Категорија Основна – BASIC :
а).Број на поени: 0 – 120*
б).Изведувач кој има завршено основна Wienerberger едукација и има сертификат.
в)Во својата работа користи Wienerberger производи – Porotherm тули, Tondach ќерамиди и дополнителни покривни елементи
г)Гради квалитетно по стандардите на Wienerberger и ја користи
техничката поддршка на Wienerberger
д.) Собира поени и добива попусти и има можност да помине во повисока категорија.
Категорија Стандард – STANDARD :
а).Број на поени: 120 – 300*
б).Сертифициран изведувач кој има основна опрема за ѕидање на градилиштето.
в).Во својата работа користи Wienerberger производи – Porotherm тули, Tondach ќерамиди и дополнителни покривни елементи.
г).Гради квалитетно по стандардите на Wienerberger и ја користи
техничката поддршка на Wienerberger.
д.)Собира поени и добива попусти и има можност да помине во Premium категоријата.
ѓ.)Го има на Wienerberger веб страната како сертифициран изведувач.
е.)Остварува додатни промоции на Wienerberger комуникациските канали (Facebook, Instagram, Newsletter, YouTube)
Категорија Премиум – PREMIUM :
а).Број на поени: повеќе од 300*
б). Сертифициран изведувач кој има основна опрема за ѕидање и ознаки Wienerberger на градилиштето.
в).Во својата работа користи Wienerberger производи – Porotherm тули, Tondach ќерамиди и дополнителни покривни елементи.
г).Гради квалитетно по стандардите на Wienerberger и ја користи техничката поддршка на Wienerberger.
д.)Собира поени и добива попусти.
ѓ.) Го има на Wienerberger веб страната како сертифициран изведувач и можност за организација на настани
е.)Остварува додатни промоции на Wienerberger комуникациските канали (Facebook, Instagram, Newsletter, YouTube)
9. ПРЕКИН НА ПРОГРАМАТА
9.1. Организаторот има неотповикливо право да ја прекине Програмата во кое било време, објавувајќи го тоа во согласност со овие Општи правила, во случај да открие злоупотреба или масовно кршење на правилата, во случај на виша сила или од други причини за кои Организатор по сопствена оцена ќе смета дека продолжувањето на Програмата е неоправдано.
9.2. Во случај на злоупотреба, лошо однесување или кршење на Општите правила од страна на корисник, Организаторот има право да го дисквалификува. Дисквалификацијата се врши со бришење на соодветниот учесник од регистарот на учесниците во Програмата, што ја спроведува „Винербергер“ ДООЕЛ.
10. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
10.1. При пополнување на формулар за регистрација, корисниците му ги доставуваат на
Организаторот следните лични податоци:
10.1.1. Име на фирма и име и презиме на одговорно лице
10.1.2. Град
10.1.3. Адреса на е-пошта
10.1.4. Телфонски број
10.1.5. Број на вработени
10.1.4. Дејност
10.1.4. Вид на објекти
10.1.4. Број на изградени објекти во годината
10.2. Врз основа на овие Општи Услови и правила, корисниците го пополнуваат формуларот за регистрација и се смета дека се информирани за правилата на Програмата, и ја доставуваат својата согласност да учествуваат во истата, во согласност со овие Општи Услови и правила, како и со обработката на личните податоци што тие ги дале за пополнување на формуларот за регистрација и / или последователно во текот на Програмата.
10.3. Организаторот ќе ги обработува горенаведените лични податоци на учесниците за:
10.3.1. последователно идентификување и личен контакт со одговорните лица -кај учесниците кои се регистрирале да учествуваат во Програмата, целокупната администрација на Програмата и обезбедување на почитување на овие правила;
10.3.2. спроведување на истражувања за задоволството на потрошувачите или други маркетинг кампањи поврзани со трговските марки на „Винербергер“ ДООЕЛ - (директен маркетинг) и подготовка на резиме статистички и маркетинг извештаи за корисниците на „Винербергер“ ДООЕЛ.
10.4. Учесниците во секое време имаат право на пристап до нивните дадени и обработени во оваа програма лични податоци, како и правото да побараат нивна измена или бришење , во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Секое такво барање треба да се поднесе во писмена форма до „Винербергер“ ДООЕЛ.
10.5. Со своето вклучување во Програмата, се смета дека секој учесник се согласил да добива комерцијални комуникации од „Винербергер“ ДООЕЛ. Секој корисник може во секое време да одбие да добие дополнителна електронска комуникација од Организаторот.
11. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
11.1. Организаторот не е одговорен за регистрациите на учесниците кои содржат јасно неточни или погрешни информации.
11.2. Организаторот не е одговорен за учесниците кои обезбедиле невалиден телефонски контакт, нецелосна или неточна е-пошта, адреса или други информации за контакт.
11.3. По завршувањето на Програмата, Организаторот не е одговорен за какви било дополнителни обврски поврзани со околности што можат да ги наведат учесниците да веруваат дека Програмата се уште трае.
12. НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР
12.1. Сите спорови кои ќе произлезат од или во врска со овие Правила или Програмата, вклучително и спорови кои произлегуваат од или во врска со нивното толкување, невалидност, извршување или завршување, и спорови за пополнување на правни празнини во Правилата или нивното прилагодување кон нови околности, ќе ги решава Основен суд Виница за физички лица и Основен суд Кочани за правни лица.
12.. Покрај горенаведеното, учесниците се согласуваат Организаторот или неговите овластени лица да ги контактираат на контакт телефонскиот број обезбеден од нив за време и во врска со Програмата.
14. ПРАВНО ДЕЈСТВО
14.1. Учествувајќи во Програмата, корисниците се согласуваат да се придржуваат кон овие Општи правила, вклучувајќи ги нивните услови.
14.2. Овие Општи правила и услови влегуваат во сила со денот на објавувањето на www.wienerberger.mk и ќе важат во текот на целиот период за времетрањето на Кампањата.
Дата на последно ажурирање : 01.01.2021 година.