Доаѓаат топли денови, како создадени за уживање надвор. Подгответе го дворот за пријатните мигови со семејството и пријателите според најновите светски трендови.
Доаѓаат топли денови, како создадени за уживање надвор. Подгответе го дворот за пријатните мигови со семејството и пријателите според најновите светски трендови.
Во пролет се буди природата и во нас се буди желбата да излеземе од затворениот простор на нашиот дом каде што ги минувавме долгите студени денови и, конечно, да бидеме на воздух.
Ако живеете во куќа и имате свој двор, ова е вистинско време да се фатите за работа. Со добар план, дворот лесно ќе го направите попријатен за престој во топлите месеци.
Затоа, ви ги претставуваме петте најинтересни светски трендови за надворешно уредување сезонава. Се надеваме дека ќе ве инспирираат вашиот двор да го претворите во вистинска убавина која ќе мами љубопитни погледи од соседите и почести посети и пофалби од пријателите.
Климатските промени на нашата планета се реалност. Со секоја нова сезона сме сведоци на нови екстремно високи температури, суши, поплави...
Еден од главните трендови при надворешното уредување годинава е дворот, а градината во него, да се направат што поотпорни на овие промени. Со правење патеки низ дворот може да се спречи ширење на евентуален пожар во најжешките денови. Истото може да се постигне и со садење кактуси и сукуленти кои во себе складираат големо количество на вода, а тие се погодни да се посадат и во делови од дворот каде што обично се собира вода при обилни врнежи, затоа што ќе ја впијат. Заштита од поплави се прави и со мрежа од канали низ целиот двор, кои подеднакво ќе ја распространуваат паднатата вода.
За вашиот дом да добие вистинска живост, во него треба да се насели секаков живот. Биоразновидноста е клучна за нашиот опстанок и затоа еден од трендовите оваа година е таа да се донесе и во дворовите.
Куќичките за птици со хранилки се само првиот чекор. Размислете големиот тревник или делови од него да ги замените со алтернативни растенија што цветаат за да ги привлечете опрашувачите и да ја направите почвата поздрава. Пронајдете идеи за правење базенче со риби, во кое полека ќе почнат да се населуваат водоземци и каде што ќе се симнуваат птици да се напојат. Колку поразновидни растенија и жив свет поставите во дворот – толку поразновидни инсекти и животни од природата ќе привлечете.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас