Крвотокот на едно населено место се неговите улици. А крвотокот на еден двор се неговите патеки. Тие се функционална потреба, иако се чини дека при уредувањето на дворот најмалку се размислува на нив.
Крвотокот на едно населено место се неговите улици. А крвотокот на еден двор се неговите патеки. Тие се функционална потреба, иако се чини дека при уредувањето на дворот најмалку се размислува на нив.
Сакаме да се препуштиме на бирање на најдобриот базен, да одбереме најудобна гарнитура за седење, да посадиме егзотични или впечатливи растенија, но најмалку размислуваме за конкретното поврзување на просторот во дворот. А без патеките дворот е само збир на разединети простори за различни намени.
Патеките ги спојуваат деловите од дворот во една организирана целина. Тие го водат окото на набљудувачот низ просторот, создаваат атмосфера и го подигнуваат расположението, а нивниот изглед значително придонесува за целосниот естетски впечаток на куќата.
Трите основни функции на патеките во дворот се следниве:
1. патеките поврзуваат
2. го спречуваат уништувањето на тревата
3. ги штитат нозете од одење по кал или газење во вирови.
Останатите фактори што влијаат на уредувањето на патеките низ вашиот двор, секако, се: буџетот, очекуваната проодност, користењето на патеката и сигурноста. Како и да решите да ги уредите патеките низ дворот, веруваме дека престојот на отворено во убавите топли денови ќе ви овозможи максимално чувство на слобода и уживање.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас