This Browser is no longer supported. Please switch to a supported Browser like Chrome, Firefox, Safari or Edge.
Вашиот избор
Како да направите и вашиот покрив да дише?
За да ја врши својата работа на заштитник на домот, покривот треба да биде направен од квалитетни ќерамиди. Но, за да помага во енергетската ефикасност и здравата клима во домот, неопходно е да ги има сите дополнителни „реквизити“ кои ќе му овозможат, просто, ДА ДИШЕ.
Како дише покривот?
Иако покривот делува како затворен чадор или штит над вашата куќа, низ него е неопходно да постојат отвори за вентилација, односно за влегување и излегување на воздухот, што ќе овозможи покривот буквално да дише. За воздухот непречено да струи, потребно е на неговиот излез да се обезбеди минимално половина од површината за проветрување од таа што е остварена на неговиот влез. Тоа е можно со правилно поставување на конструкцијата, со избор на природни глинени ќерамиди и со комбинирање на особено важните додатоци.
Ќерамидите и вентилацијата
Tondach ќерамиди
Глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од ќерамидите направени од друг материјал, кога станува збор за вентилацијата на покривот. Со температура на печење од над 1.000° C, се зголемува компактноста на глинената маса и глинениот покрив се претвора во водоотпорна мембрана, која пропушта пареа. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаноста на температурата. Ќерамидите Tondach се произведуваат од глинен, порозен материјал кој врши дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата. Со ова се постигнува оптимален проток на воздух и се спречува задржување на влагата.
Додатоците неопходни за вентилација на покривот
Tondach системско решение
„Реквизитите“ што му се неопходни на покривот за да може да дише, се делат на керамички и некерамички. Во првата група спаѓаат вентилациските ќерамиди и капаците за било, а во дел од втората влегуваат паропропусната фолија, вентилациската лента и вентилациските елементи за стреа, кои се поставуваат под капаците со т.н. сува монтажа.
Како сите тие ја вршат својата функција?
Вентилациските ќерамиди се специјално дизајнирани глинени ќерамиди кои служат за вентилација на потпокривната површина.
Паропропусна фолија е фолија која се поставува под ќерамидите. Таа, од една страна, спречува вода да навлезе во потпокривниот простор, а од друга страна, овозможува низ неа да помине пареата или влагата од воздухот под покривот, на тој начин заштитувајќи го просторот од кондензација, влага и мувла.
Вентилациската лента е еден исклучително важен елемент кој помага во исполнување на барањето за вентилација на покривот и одведувањето на водната пареа и топлиот воздух надвор. Топлиот воздух секогаш се движи нагоре. Затоа, нашите вентилациски ленти се изработени од висококвалитетен алуминиум, отпорен на ултравиолетово зрачење. А нивната растегливост од 30% овозможува целосно покривање врз секој модел на ќерамиди, дури и на оние со големи бранови. Лентата од бутил, со која се лепи за ќерамидите, е произведена според патентираниот Wet cold system, кој овозможува работа и врз влажни и студени ќерамиди на температура до 5°С, што ја прави уникатен производ од овој тип во целиот свет.
Вентилациските елементи за стреа помагаат да има загарантиран проток на воздух од стреата кон билото, во исто време спречувајќи го навлегувањето и загнездувањето на неканетите гости, како птиците, инсектите и штетниците.
Освен што помагаат за брзо ослободување на покривот од водата, односно од снегот, снегобраните помагаат и да не се наруши вентилацијата при паѓањето и задржувањето на снежните маси врз стреата, од каде што се обезбедува влез на воздух, како и вентилација на потпокривниот простор.
Отворите за вентилација се предизвик за секој покрив, но со системските решенија на Tondach за покрив се спречува пропуштање на водата и влагата. Од надворешна страна, вентилацијата е дискретна и беспрекорно вклопена во изгледот на покривот, додека од внатрешната страна технички подготвена за сите временски предизвици.