Roof windows
Lifestyle image

Придобивки од живот во поткровје

Поткровјата се неисцрпен извор на инспирација, имаат посебен шарм и ентериерна убавина

Одлуката да се создаде простор за живеење е голем предизвик, а процесот од првата скица до вселувањето дома е возбудлив и креативен. Живеењето на поткровје носи со себе нешто волшебно, различно од сите други простори на живеење. Aко сакате да живеете на поткровје, пред сè посветете посебно внимание на квалитетот на конструкцијата, отпорноста и добрата изолација и оставете го дизајнот на ентериерот конечно да го заслади задоволството од создавање идеален простор за живеење.

Поткровниот простор има посебна и уникатна атмосфера. Денес поткровјето е тренд во изборот на простор за живеење поради неговиот шарм и изобилство на светлина.

Зошто живот на поткровје?

Она што најмногу придонесе за унапредување на животот под покривот е подобрувањето на квалитетот на градежните материјали и иновативните системи. Ако планирате да живеете во поткровје, обратете внимание на изборот на материјали и консултирајте се со стручни лица пред да ја донесете одлуката.  Инспирирајте сѐ за оваа важна животна одлука и одберете  естетика, но и квалитет. Поткровјата се навистина неисцрпен извор на инспирација, што  воодушевува генерации и нуди изобилство на креативност и експериментален дух.

Добриот покрив е клучен за квалитетен простор за живеење

Lifestyle image
Tondach Roof windows

Пред да се одлучите да живеете во поткровје, проверете каква е состојбата на покривот и консултирајте се со стручни лица за конструкцијата и можните идни поправки. Можете да го направите ова и однадвор, осигурете се дека сè е на место и безбедно прицврстено. Проверете ја паропропусната фолија под самите ќерамиди дали е оштетена со цел да се спречи можното продирање на вода. Ако откриете дека на вашиот покрив му треба поправка или целосна реконструкција, добро размислете за избор на најсоодветни ќерамиди. Покрај квалитетот на производот, важно е тој лесно да се монтира на постојната конструкција. Ова заштедува и време и пари. Таквите ќерамиди се со можност за поместување. Во комбинација со квалитетен, издржлив и природен материјал како што е глината, произведен според највисоките градежни стандарди, ќе имате идеално решение за реновирање на стариот или изградба на нов покрив.

Покривните системи Tondach се достапни во различни модели и бои во согласност со климатските услови во регионот во кој живеете и вашиот стил. Кога се гради поткровје, покрај квалитетот на ќерамидите, земете ги во предвид и наклонот на конструкцијата. Класичниот двоводен покрив е најекономично решение, тој се издвојува со подобра отпорност со текот на времето и заштеда на енергија од 25-35%. Исто така има подобра заштита од дожд и снег, ветер и невреме, но и од надворешна бучава.

„Комбинирајте стилови со бои, текстури и материјали што ги рефлектираат вашиот личен стил и карактер.“

Изолација и решенија за ѕид и поткровје

Веројатно сте свесни за фактот дека квалитетната конструкција и добрата изолација од самиот почеток ќе ви заштедат многу енергија и пари во иднина, па затоа оставете ја вашата инспирација да биде траен и ефективен производ. Ѕидните системи Porotherm се оптимално решение за изгледот на поткровјето. Керамичните тули со вертикални шуплини се издржливи и овозможуваат брза и лесна конструкција и се логичен избор за сите градби и реконструкции на поткровјето.

 „Важно е да се одберат квалитетни прозорци, а поради погледот и количината на светлина, добро е да имате и странични и покривни прозорци."

Ентериерот е олицетворение на вашиот карактер и стил

Roof windows
Roof windows

Боите, текстурите и изборот на материјал го рефлектираат вашиот личен стил и карактер, затоа не дозволувајте другите да ви наметнуваат трендови. Во денешно време, сè е популарно и разновидноста многу зависи од цената. Во моментов, скандинавскиот и индустрискиот стил на декорација се најпопуларни, но би било сосема погрешно да се каже дека некој друг стил е застарен. Само она што ви е пријатно и привлечно за вашето око ќе го рефлектира вашиот личен стил и ќе создаде весел простор во кој вие и вашето семејство навистина ќе уживате. Прелистајте списанија, инспирирајте сѐ од социјалните мрежи и комбинирајте го тоа со вашиот сопствен стил. Нека големите површини бидат неутрални, а деталите внесат карактер и боја во просторот. Не плашете се да експериментирате и да мешате стилови. 

Roof windows
Roof windows

Декорацијата со тули на внатрешните sидови во комбинација со кожа, метал и детали од дрво се одлики што го карактеризираат многу популарниот индустриски стил во моментот. Едноставност и светлина, дрвени елементи, но и асиметрични текстури се она со што се одликува скандинавски стил, што секогаш не радува одново и одново. Минимализмот е вечна инспирација на сите времиња и ја насочува мислата кон повеќето нови стилови кои само се надоврзуваат. Обидете се да ги преиспитате вашите идеи за поткровјето и да побарате места од каде може да ги реализирате вашите замисли.  Бидете трпеливи и дајте си време, бидејќи уредувањето е голем проект во кој ќе уживате долго време.

Инспирацијата е насекаде

Roof windows

Дали го одбравте Вашиот покривен прозорец? 

Консултирајте сѐ со нашите комерцијални претставници. 

Дали ви треба дополнителна помош?

Ви треба персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба

Побарајте дистрибутер

Побарајте го дистрибутерот што е најблиску до вас

Пријавете се за Newsletter

Бидете во тек со новитетите од архитектурата и градежништвото

Продажба