Tondach Saturn crijep

Придобивки од градење со природни ќерамиди за вашето семејство

Долготрајни, отпорни и сигурни. Во многу форми и бои, наменети за различни стилови и вкусови. Дознајте зошто природните ќерамиди Tondach се сигурен избор за вашиот нов покрив. 

Ако сте се решиле да градите куќа, веројатно сте соочени со многу прашања во врска со изградбата. Покривот е еден од најважните елементи на куќата. Тој е штитот што стои меѓу вашиот дом и сите надворешни услови, невремиња и природни катастрофи. Како експерти за производство на природни градежни материјали, тука сме да ви помогнеме како да обезбедите сигурен покрив за вашето семејство со генерации.

Кога станува збор за покрив, фокусот секогаш е на ќерамидите. Клучни работи при изборот на ќерамидите се нивниот квалитет, долготрајноста, отпорноста, заштитата, цената и естетскиот изглед. Затоа, кога ние зборуваме за покрив, нашиот фокус секогаш е на природните ќерамиди Tondach. 

Долготрајност, отпорност и сигурност

Tondach ќерамиди

Ќерамидите од печена глина имаат долг живот поради својата отпорност на различни надворешни фактори. Природните ќерамиди направени од глина се обработени на високи температури. Тоа ги прави издржливи и на екстремно високи, и на екстремно ниски температури. Заедно со добрата изолациска фолија, покривот од глинени ќерамиди е долговечен и максимално отпорен.

Ќерамидите имаат голема отпорност на кршење при виткање, што му дава сигурност на покривот – по него може и да се оди при поставувањето или доколку се јави потреба за некаква поправка.

Исто така, глината како природна суровина претставува здрав градежен материјал кој не ја загадува околината и кој може одново да се употребува и да се рециклира. Ископувањето на глината се врши од одржливи и контролирани ресурси, така што задолжителното еколошко градење не е нарушено. 

Трајна боја, мала тежина

Tondach ќерамиди

Бојата на глинените ќерамиди се добива со енгобирање. Тоа е посебна постапка која е поефикасна од боење со некој премаз. Енгобата претставува слој кој се додава на сува ќерамида и е составен од иситнета глина со фина гранулација и оксиди. Горната површина на ќерамидата се покрива со енгоба која потоа се пече на високи температури, така што енгобата станува составен дел на ќерамидата, се интегрира со неа и претставува трајно решение и заштита. Бојата со текот на времето не се менува (трае колку и самата ќерамида), отпорна е на УВ-зраци и на временски непогоди.

Глинените ќерамиди не прават дополнителни оптоварувања врз покривната конструкција, благодарение на својата мала тежина во однос на волуменот. Тоа овозможува покривот да биде стабилен и сигурен без големо оптоварување на потконструкцијата, кое повлекува зголемување на трошоците за изградба на покривот. 

Природните ќерамиди имаат посебен шарм

Иако глинените ќерамиди најмногу се врзуваат за традиционалниот стил на градење, благодарение на новите форми и бои добиени со најсовремените технологии, тие и понатаму се погодни за сите стилови.

Без разлика дали преферирате традиционален стил или сакате модерна градба – глинените ќерамиди на Tondach се тука да одговорат на вашите желби и естетски барања. А доколку сакате покрив од природни ќерамиди создадени специјално за нашето поднебје, побарајте ја македонската ќерамида Contiton 12!

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба