Cozy house in winter

Без што не може покривот зимно време?

Зимата е периодот од годината кога покривот на куќата е изложен на најголеми тестови. Колку што е постудена и посурова зимата, толку задачата на покривот е поголема.

Со оглед на тоа што сме на прагот на уште една зима, логично е да се запрашаме дали ќе можеме безгрижно да презимиме.  

За спокојно да уживате во студените и снежни зимски денови, неопходно е да бидете сигурни дека вашиот покрив ќе го штити вашиот дом и вашата семејна радост. А за да биде покривот сигурен и при најсурови временски услови, ви ги претставуваме четирите системски елементи создадени за максимално да го заштитат од невреме. 

1. СНЕГОБРАНИ

Tondach системско решение

Зимските снегови одвај ги чекаме за да им се восхитуваме. Нема поубава зимска глетка од пејзаж со покриви и дрвја со напластен снег. А нема никаков проблем и за добар покрив, кој е конструиран да ги издржи и најголемите снежни врнежи.

Еден од главните елементи на покривот за справување со снегот се снегобраните. Снегобраните Tondach, освен што хармонично се вклопуваат во изгледот на покривот, се трајно и сигурно решение за неконтролираното лизгање на снежната покривка. А тоа е ем опасно по живот, ем може да уништи сè што ќе се најде на патот на снегот при лизгањето, како олуци или други вредни работи. И покрај тоа што неконтролираното лизгање на снегот се намалува со намалувањето на косината на покривот и мазноста на ќерамидата, сепак единствена ефективна заштита од лавина од покривот е стручно поставен систем за заштита од снег. 

2. ДРЖАЧ ЗА ЛЕТВА

Tondach системско решение

За да може покривот да биде максимално стабилен и цврст, во рамки системските покривни решенија на Tondach можете да ги најдете држачите за летва. Тие служат за фиксирање на летвите на гребенот и за нагодување на висината на летвата. Достапни во големина од 30 и 50 mm, овие додатоци се невидливите раце на покривот, кој го држат стабилен и при најсилни зимски ветришта.  

3. ЗАКОПЧУВАЛКА ЗА СЕЧЕНА ЌЕРАМИДА

Tondach системско решение

Третиот производ во низата на елементите за заштита на покривот при невреме е закопчувалката за сечена ќерамида. Ова е мал, но многу значаен производ, кој овозможува сигурно прицврстување на сечените ќерамиди. Во зависност од изборот на ќерамида, закопчувалката го прицврстува горниот, долниот или средниот дел од ќерамидата, која останува на своето место и при најголем притисок од временските услови. 

4. ДРЖАЧ ЗА КАПАК

Tondach системско решение

И последен, но затоа не и помалку важен елемент за заштита на покривот од невреме е држачот за капак. Станува збор за додаток во рамки на покривните системски решенија на Tondach кој служи за безбедно прицврстување на капаците еден кон друг и кон билната летва. За целосна естетика, држачот за фалцован капак е достапен во црвена, црна и кафеава боја. 

Запомнете, покривот не е само ќерамиди. Покривот е целосно системско решение од повеќе елементи кои работат заедно за вашата сигурност и спокојност.  

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба