Rodinný dům Přerov 2014 - střešní krytina Tondach Figaro Deluxe glazura Amadeus šedá & Lícové cihly Terca Mardale antique | Wienerberger

Најважни совети за реновирање покрив

Ако е ова време кога размислувате за реновирање на покривот, време е и за најважните совети кои ќе ви го олеснат процесот на избор на материјали и на градење. 

Product: Wevolt X-Tile. Architect/developer: Ekowood Woonconcept. Client: Brummelhuis Projecten. Contractor: Verhaegh Bouwbedrijf, Grashoek. Installer: Lucius.nu, Boxtel. New constructed detached house with Wevolt X-Tile | Weidebox, Helden
покрив Tondach

Септември е месец кој во сите нас буди чувство на нов почеток. Иако можеби според температурите летото не завршува тука, сепак, со почетокот на учебната година се враќаат обврските околу учењето на децата и домот почнува да функционира на својот вообичаен начин.

Затоа, септември е и месец на големи планирања. Се планираат потребите на децата во текот на учебната година, нивните активности, а со тоа и вашето (слободно) време. Но, постои и една голема работа, која се прави еднаш до двапати во животот, а која е најдобро да се планира токму сега. Тоа е – реновирањето на покривот.

Ако вашиот покрив изминатите сезони покажувал знаци на несигурност, сега е вистинското време да го средите. За таа цел, ви подготвивме водич со најважните совети кои ќе ве водат за да ви го олесниме целиот процес. 

1. Размислувајте природно

градете со природни материјали

Иако нашиот дом ни нуди заштита од временските услови што доаѓаат од природата, тој сепак може да биде дел од неа, ако е изграден од природни материјали. Кога станува збор за покривот, неприкосновен материјал за негова изградба се глинените ќерамиди. Глината е најиздржливиот материјал, а покривот направен од глинени ќерамиди, како што се нашите Tondach, ќе го штити вашиот дом од сите атмосферски услови и невремиња, додека во исто време и ќе диши и ќе ви овозможува пријатна средина за живеење. 

2. За покрив е најдобро системско решение

систем за вентилација

Многу ќерамиди поставени една до друга не прават покрив. Но, многу ќерамиди, поставени на правилен начин една до друга, со соодветни капаци и завршни ќерамиди по рабовите, со елементи за вентилација, снегобрани, паропропусна фолија, закопчувалки за фиксирање на ќерамидите, опшивки итн... – е тоа е веќе систем или како што ние го нарекуваме, системско решение за покрив од Tondach. Градејќи го покривот на овој начин, со комбинација на различни елементи, вие создавате „уигран“ систем за заштита на вашиот дом. 

Ние во „Винербергер“ повеќе сакаме да зборуваме за покривни системски решенија отколку само за покрив. Поставувањето на системско покривно решение значи, освен поставување на ќерамидите, инсталирање и на низа покривни додатоци, како што се снегобраните, вентилациската лента, паропропусната фолија, заштитните решетки за птици, разделниците за било и сл., кои работат заедно за да овозможат целосна заштита од надворешни влијанија. Затоа, кога имаме покривно системско решение можеме да зборуваме за долговечен покрив кој ќе обезбеди максимални перформанси во поглед на заштитата и сигурноста на вашиот дом.

3. Пресметајте однапред

калкулација на покривни елементи

Сигурно едно од прашањата што најмногу ве мачат е колку ќе чини реновирањето на покривот. Тоа е и прашањето што нашите комерцијални претставници многу често го добиваат на терен. Затоа, ние направивме наш онлајн-калкулатор, со помош на кој можете да направите груба пресметка на потребниот материјал. А доколку сакате да направите детална, контактирајте го директно нашиот продажен тим. 

4. Барајте сигурна гаранција

Писмена гаранција од 33 години

Кога некој производ има долга гаранција, тоа е првиот знак дека во неговиот квалитет е инвестирано многу и дека производителот подготвено застанува зад тој квалитет. Во случајот со нашите покриви Tondach, ние застануваме зад нив со 33-годишна гаранција. А тоа го правиме затоа што можеме да се потпреме, од една страна, на знаењето и искуството на „Винербергер“ подолго од два века, а од друга, на 120-те вработени во нашата фабрика „Винербергер“ во Виница, кои секојдневно се грижат за беспрекорниот квалитет на производите.

5. Мислете како да заштедите долгорочно

инвестирајте во висок квалитет

Животот е исполнет со многу несигурности и намалувајќи го ризикот од нив, однапред ги намалувате и трошоците што доаѓаат со секој проблем. Особено околу покривот. Да се реновира покрив не е мала работа и затоа, кога веќе сте се решиле тоа да го направиле сега, нека трае со децении! Евтините производи честопати повлекуваат постојани поправки, кои на крајот ги прават и најскапи. Инвестицијата во покрив од Tondah е инвестиција во висок квалитет и во сигурна заштита за домот, која е можеби со повисока почетна цена, но на долг рок секогаш повеќе ќе ви се исплати!

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични објави

Продажба