Reference photo new construction single family in Izegem

Contiton 12: „2 во 1“ ќерамида за најдобар покрив

Има две причини кои веднаш ќе ве убедат дека Contiton 12 е идеална ќерамида за вашиот покрив. 

Image
Contiton 12 кафена

Секое географско подрачје си има свои специфики. Во некои делови од светот е постојана зима, некаде сонцето не престанува да грее, а има и предели во кои во текот на годината се менуваат сите четири годишни времиња.

Нашата благословеност да живееме токму на вакво географско подрачје, со себе носи и одредени предизвици. Куќите што нас ни се потребни за живеење треба да нè штитат од сите временски услови – и од пеколните сончеви зраци и од долготрајните зимски мразови, и од силните ветришта и од поројните дождови.

Имајќи ги предвид сите овие работи, за потребите на домовите градени на нашето македонско поднебје, ние ја создадовме ќерамидата Contiton 12. За неа можеме многу да зборуваме, но тука ќе се задржиме на двете главни причини коишто веднаш ќе ве убедат дека Contiton 12 е идеална за вашиот покрив. 

1. Македонска ќерамида

Contiton 12

Contiton 12 е нова генерација на ќерамида што се произведува од домашна глина, во нашата фабрика во Виница. Таа е целосно природна и се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазна површина. Има странично задебелување и изразено рамно вдлабнување. Оваа ќерамида е една од најбезбедните, најефикасните и најубавите покривни материјали на нашите простори.

Дополнително, станува збор за ќерамиди со поместување, а тоа значи дека Contiton 12 се идеални и за реновирање на покрив, бидејќи оптимално можат да се вклопат на старите летви. Со тоа значително ќе заштедите и време и пари. 

2. Премиум квалитет

Contiton 12

Contiton 12 е целосно природна глинена ќерамида, направена со прецизна обработка. Благодарение на нашата врвна технологија, ќерамидата е енгобирана, односно испечена со заштитна енгоба на над 1.000 степени. Со тоа се намалува впивањето на водата, се зголемува отпорноста на временските неприлики и се обезбедува докажана издржливост. Исто така, енгобата придонесува и за подобрување на естетскиот изглед на покривот, за што се грижи и големата палета на бои на Contiton 12.

Глинените ќерамиди се ненадминливо супериорни во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. Тие се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.

Ем квалитетна, ем македонска, „2 во 1“ ќерамидата Contiton 12 е вистински избор за секој нов покрив во нашата земја, кој ќе претставува петта фасада и прва одбранбена линија на куќата при сите временски услови.

Покривот со Contiton 12 е убав и сигурен, а вие и семејството под него горди и безбедни!

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба