Заштита од снег

Заштита од снег
Снегобраните на Tondach се трајно и сигурно решение против неконтролираното лизгање на снежната покривка од вашиот покрив, која, освен што е опасна по животот, уништува и сè што ќе ѝ се најде на патот при лизгањето, како на пример олуци или други вредни работи.

Густината на снежната покривка е толку поголема колку што е постара покривката и може да изнесува и до 300 kg/m2.

Иако неконтролираното лизгање се намалува колку што е помала накосеноста на покривот и колку што има помалку мазна површина на ќерамидата, единствената ефикасна заштита од лавините од покривот е стручно поставување на систем за заштита од снег.

Снегобраните Tondach хармонично се вклопуваат во визуелниот изглед на покривот.

Совет

Во пределите со поголемо снежно оптоварување се препорачува да се зголеми бројот на снегобраните на квадратен метар. Исто така, над секој покривен отвор снегобраните се поставуваат во густ распоред.

Предности на решенијата за заштита од снег на Tondach:

  • Сигурност и заштита.
  • Брза и едноставна монтажа.
  • Со формата и бојата не го нарушуваат изгледот на покривот.

Слични статии