Проветрување

Проветрување
Порозниот материјал и оптималниот проток на воздух спречуваат задржување на влагата. Ќерамидите на Tondach се од глинен, порозен материјал кој врши дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата.

Проветрување

Порозниот материјал и оптималниот проток на воздух го спречуваат задржувањето на влагата. Ќерамидите на Tondach се од глинен, порозен материјал кој прави дифузија на влагата и воздухот што содржи водена пареа од внатрешноста на објектот во атмосферата. На тој начин, вашиот објект буквално дише. Токму поради тоа, глинените ќерамиди се неспоредливо подобри од другите. Со температурата на печење од над 1.000 °C, се зголемува компактноста на глинената маса и глинениот покрив се претвора во водоотпорна мембрана, која пропушта пареа. Со каналите за проветрување се овозможува струење на воздухот од стреата кон билото, што е неопходно за сушење на надворешниот дел од покривот и за постојаноста на температурата.

За воздухот непречено да струи, потребно е на неговиот излез да се обезбеди минимално половина од површината за проветрување од таа што е остварена на неговиот влез.

Предности на решенијата за било, гребен и проветрување на Tondach:

  • Брзо и едноставно вградување.
  • Оптимален проток на воздух и дишење на покривот.
  • Дифузија на водата и на водената пареа од просторот во околината.
  • Температурна постојаност

Слични статии