Покривни отвори и вентилација

Покривни отвори и вентилација
За постигнување поголема сигурност и трајност, како и изведба на усогласен и технички исправен покрив, потребно е да се вгради, по мерка изработен, керамички прибор кој нуди совршена заштита од невреме.

Покривни отвори и вентилација

Отворите се предизвик за секој покрив, но со системските решенија на Tondach за покривни отвори и вентилација се спречува пропуштање на водата и влагата.

Од надворешна страна, вентилацијата е дискретна и визуелно усогласена, додека од внатрешната страна технички подготвена за сите приклучоци и трајно непропустлива на вода и на ветер.

Совет

Над секој покривен отвор, во густ распоред се поставуваат снегобрани.

Предностите на системските решенија на Tondach за покривни отвори и вентилација:

  • Одлично струење на воздухот.
  • Приклучок отпорен на вода и на ветер.
  • Едноставна, брза и сигурна монтажа.
  • Применливо за сите накосености на покриви.
  • Постојаност на сите временски услови и на УВ-зрачење.

Слични статии