man working with porotherm bricks

Клучни карактеристики на тулата Porotherm

Глинениот градежен материјал спаѓа меѓу најстарите градежни материјали во светот и до денес ја има задржано својата голема популарност. Тоа не е за изненадување, со оглед на тоа што глинените градежни материјали се природни, разновидни, трајни и со стабилна вредност. Тие што избираат глинени блокови од компанијата Wienerberger играат на сигурно и остваруваат бројни предности.

  • Тулата е здрава

Куќите изградени од глинени блокови се особено здрави, затоа што не испуштаат никакви загадувачи или алергени во воздухот во просториите. Глинените градежни материјали на природен начин ја регулираат влажноста. Со тоа придонесуваат за поздрава и попријатна атмосфера во просториите и за благосостојбата на тие што престојуваат во нив.

  • Тулата е сигурна

Куќите изградени од масивни глинени градежни материјали се особено стабилни, сигурни и поднесуваат големи оптоварувања. Благодарение на својата механичка цврстина и стабилност, на зградите изградени од глинени блокови не само што не влијаат ветерот, временските услови, бурите и снегот, туку тие и штитат од вонредни влијанија како што се лавините, свлечиштата и поплавите. Понатаму, глинените блокови се незапаливи, затоа што веќе се печени во текот на производство. Затоа, глинените блокови го спречуваат ширењето на пожарот на другите простории или згради. Освен тоа, во случај на пожар, тие нема да испуштат отровни гасови.

  • Тулата е енергетски ефикасна

Благодарение на комбинацијата на формата на глинените блокови и конзистенцијата на глината, овие блокови можат да го постигнат тоа што другите градежни материјали не можат; имено, тие овозможуваат изолација од топлина и ја чуваат топлината. Со тоа го спречуваат брзото ладење, а на лето штитат од прекумерно загревање. И тоа го постигнуваат без дополнителна топлинска изолација на фасадата или со климатизациски и вентилациски системи. На тој начин, тие придонесуваат за значително намалување на потребната енергија за греење или ладење.

  • Тулата има стабилна вредност

Приватните куќи и станови што се изградени од глинени блокови претставуваат инвестиција за повеќе генерации. Тие ја комбинираат удобноста на здравото живеење со висококвалитетна и трајна градежна конструкција. Со тоа се гарантира висока продажна вредност дури и по многу години.

  • Тулата е економична

Градбата со глинени блокови е економична на повеќе начини: глинените блокови овозможуваат брзо и флексибилно градење на масивна обвивка на зградата – тоа носи заштеди и на време и на трошоци. Особено кај ѕидовите со монолитна конструкција, без дополнителна изолација, ветерот, временските непогоди, жештината, мразот па и инсектите, не се во состојба да го оштетат таквиот ѕид. Како резултат на тоа, нема речиси никакви трошоци за поправка и одржување, вредноста на зградата е многу стабилна, а трошоците за енергија можат да се намалат благодарение на високите изолациски својства на глинените блокови на компанијата Wienerberger. Тоа е причината зошто изградбата на куќа со глинени градежни материјали е секогаш првокласна инвестиција.

  • Тулата е добар звучен изолатор

Ѕидовите од глинени блокови имаат одлични својства за звучна изолација. Колку што е помасивен ѕидот, толку е подобра звучната изолација, како од надворешната, така и од внатрешната страна на куќата. Освен тоа, Wienerberger нуди глинени блокови што овозможуваат особена звучна изолација за користење, на пример, меѓу становите.

  • Тулата е трајна

Зградите изградени од глинени блокови се цврсти и стабилни и затоа се особено трајни. Со животен век од над сто години, тие траат за следните генерации. Низ светот можат да се најдат згради од тула кои преживеале и повеќе векови.

  • Тулата е одржлива

Сите глинени градежни материјали се особено еколошки и одржливи. Тие се состојат од природни суровини кои се вадат многу внимателно, а се произведуваат во близина на пазарите, со што се постигнува многу кратка оддалеченост за транспорт. Понатаму, поради нивниот особено долг век на употреба, почетното влијание на тие материјали на околината во голема мера се намалува.

  • Тулата е природна

Глинените блокови се природен градежен материјал затоа што нивните главни компоненти – глината и водата – доаѓаат директно од природата. Глинените градежни материјали не треба да се третираат со хемикалии за да се постигне заштита од пожар или од влага. За подобрување на квалитетот на производите се користат само адитиви чија еколошка нештетност е проверена со опсежни испитувања. Така, глинените блокови се апсолутно нетоксични, без алергени и затоа совршено се компатибилни со луѓето и со природата.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба