Tondach - детално решение

Tondach комплетно решение
Tondach нуди комплетно решение за покрив. Покривот дава заштита на целиот објект. Само правилно изведен покрив со подкровна конструкција, кој штити од секакви видови на надворешни влијанија, дава сигурност и заштеда на енергија, без разлика дали Вашиот објект е нов или пак стар.

Ако сакате да дознаете од кои елементи се состои еден покрив, кликнете на маркираните полиња (од 1-10) на сликата. Отворете ги линковите и ќе добиете повеќе информации за комплетното решение на покривот.

Tondach комплетно решение

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Затворање на покривот

Сигурно и идеално решение за Вашиот покрив! Ако билото го затворите со капаците и додатните елементи на Tondach. Вашиот Tondach at- met!

Капаците на Tondach создаваат сигурна заштита на билото. Посебно заштитува од создавање на влага и мувла во подкровниот простор. Преку правилна сува монтажа на капаците подкровјето се вентилира, а со тоа ќерамидите остануваат суви. Тие се поставуваат во пресек на околу 340 cm² на метар должен. Специјалните држачи, кои се направени за секој тип на ќерамида идеално ги прицврстуваат капаците за билото.

Излез и осветлување на подкровјето

Преку прозорецот на Tondach внесете хармонија во подкровниот простор.

Прозорите кои ги нуди Tondach служат како помошно средство за излез на покривот и за пропуштање на природна светлина за осветлување подкровниот простор.

Сигурно затворање на покривот.

Елементи за сигурно и естетско затворање на покривот.

Завршните ќерамиди на Tondach на покривот му даваат сигурен и естетски убав изглед. Го заштитуваат подкровјето од навлегување на вода, снег, град, птици и други инсекти.

Снегобрани – За Ваша сигурност!

Tondach снегобран, елемент кој е пожелно да го има секој покрив!

Снегобраните на Tondach создаваат многу важен одбранбен механизам на покривот. Тие го разбиваат снегот кој се лизга како лавина по покривот и ги штитат олуците од уривање. Можете да ги добиете се за секој тип на ќерамиди.

Сигурност на покривот.

Tondach Тунинг решение за подкровната конструкција „сигурно си е сигурно“.

Фолиите од програмата на Tondach Тунинг даваат сигурност на покривот од навлегување на вода, снег, град и секаков вид на инсекти. Тие го заштитуваат објектот од внатрешната страна. Фолиите на Tondach Тунинг се три слојни имаат дифузно својство и издржливи на теперетаури до 100°C.

Соларни системи и фотокелии

Правилна монтажа на колектори за топла вода, соларни системи и фотокелии.

За да не ги оштетите ќерамидите на покривот, Tondach нуди инструкции како правилно да ги монтирате колекторите за топла вода, соларните системи и фотокелиите.

Системи за вентилација

Сигурна и правилна вентилација на подкровната конструкција.

Кога зборуваме за сигурна вентилација на подкровната конструкција, мислиме на правилен проток на воздух под ќерамидите, а притоа да не дојде до навлегување на вода, снег, град или различни инсекти. Во овој заштитен сет можат да се вбројат керамичкиот отвор за испарување или уште се нарекува и „оддушник“, флексибилното црево и ќерамидата со отвор.

Завршна плочка за капак

Завршната плочка за затворање на капакот т.е. билото.

Билото е најосетливиот дел од еден покрив! Тука временските непогоди имаат најголемо влијание. За да го заштитите покривот од надворешните влијанија, Tondach нуди завршна плочка која го затвора билото и го штити целиот објект од навлегување на дожд, град, снег, птици и секаков вид на инсекти.

Снегобрани - За Ваша сигурност!

Снегобраните на Tondach основен елемент на покривот.

Снегобраните на Tondach создаваат многу важен одбранбен механизам на покривот. Ги има за секој тип на ќерамиди.

Сигурност од временски непогоди.

Држачите на Tondach даваат сигурност од навлегување на вода, снег и град во подкровјето.

Држачите и шајките на Tondach на покривот му даваат сигурност од навлегување на вода, снег и град. Ако Ви треба совет за нивна правилна монтажа, слободно контактирајте не, Ви стоиме на располагање.

Слични статии