Предности на покривот со ќерамиди

Tondach комплетно решение
Во последно време интересот околу квалитетот на покривните материјали кај луѓето постојано се зголемува. Како причина за ова, се јавуваат не се само климатските услови кои во последно време се со екстремни температурни разлики, туку расте интересот и за нивниот животен век на градежните материјали, нивната еколошка вредност, нивната енергетска ефикасност и нивниот дизајн.

Заштита од ветер и невреме

Главната улога на покривот е да не заштитува од силен ветар, снег и бура. Знаеме дека најдобите материјали кои се користат во градежништвото се природните материјали. Затоа, идеален покривен материјал за Вашиот дом е ќерамидата која потекнува од природата и дава благопријатни услови за живеење. Кај нас во Македонија, овој производ се произведува во единствената фабрика во овој регион и тоа во мало- но многу познатото градче Виница во источна Македонија. Фабриката е опремена со врвна т.е. последна германска технологија. Повелете и посетете не!

Сигурност од дожд

Уште од рано детство, кај децата се буди првиот инстинкт за тоа, како се црта куќа, квадратче и тријаголник одозгора! Тоа ја истакнува нашата култура на живеење во куќи со стрмни кровови, со наклон над 30°. Македонија се наоѓа во климатска зона богата со дождови, ладни зими, со многу ниски температури во ноќите, снег и мраз, додека во летниот период располага со многу високи температури.   

Професионалците, лицата кои се занимаваат со планирање и проектирање на кровни конструкции во своите решенија нудат- покриви со стрмен наклон, кои во нормални услови не дозволуваат навлегување на дождовата вода. Во спротивно, рамните покриви мора да бидат добро затворени, да дихтуваат- за да не ја пропуштат водата, а тоа значи дека покривот нема правилна циркулација на воздух т.е. неможе да дише.

Сигурност од дожд во голема мера зависи и од степенот на наклон на покривот. Не постои правило и граница каков да биде наклонот, за да покривот не ја пропушта дождовата вода. Треба да се зема во предвид и материјалот со кој ќе биде покриен покривот, тоа значи дека секој покривен материјал се поставува според определена дефиниција и определен наклон. Како стандард, би требало секогаш  да се зема оној наклон, кој е за нешто пострмен од пропишаниот. Генерално може да се заклучи: колку е пострмен наклонот, толку е поголема сигурноста на покривот од навлегување на дождовата вода.

Направете го подкровјето катче за живеење

Денес, новите објекти најчетсто и подкровјето го планираат како место за живеење. Бидејќи желбата да се живее во подкровјето не само што станува сѐ по привлечно, туку е и прилично евтино.

Со многу малку средства можете да изградите поткровје со добра воздушна и звучна изолација. Поткровјето ќе има оптималната звучна изолација,ако ја вградите вистинската фолија која е специјализирана за таа намена.

За едно поткровје покрај воздушна и звучна изолација, од голема важност се и отворите. Колку е потешка една поткровна конструкција, и колку помалку отвори оставaте, толку повисока е воздушната и звучната изолација.

Климатски тампон

Поткровјето има важна задача, да обезбеди оптимална заштита од топла како и од ладна клима. Во топлото лето поткровјето треба да дава свежина, а во ладната зима топла и пријатна клима. Затоа под надворешната заштита од дожд, а тоа се ќерамидите се вградува и една модерна, темна- термо изолациона фолија. Ваквата термо изолациона фолија може и дополнително да биде вградена, од страна на стручни лица. Разните производители за ова нудат  најразновидни рационални решенија.

Прозор за светлина и сонце

Вентилацијата, светлината и сонцето се главен предуслов за здрав и благопријатен живот под еден покрив. Овие предности ги нуди покривот со нагиб. Ако им вградите прозори на поткровните простории, давате сосема нови услови за живеење.

Во денешно време се нуди многу голем избор на прозорци во различни комбинации и големини. Ролетните и жалозинките заштитуваат од презагревање на подпокривните простории во сончевите летни денови.

Добро осветлена просторија дава оптимална клима во просторот за живеење кога ќе се избере вистинскиот прозор. Многу важна улога игра поставеноста на прозорот како и  неговото користење и одржување. За ова можете да добиете разумен совет од добар проектант.

Заштита од бучавост

Кога создаваме благопријатна клима за живеење, покрај изолацијата од топлo, ладно и влага, од голема важност е и звучната заштитата која може да ја наруши таа клима за живеење. Бидејки главна одлика за оптимална клима е  да биде акустички ненарушена, како од надвор кон внатре така и обратно.

Со многу малку средства можете да изградите поткровје со добра воздушна и звучна изолација. Поткровјето ќе има оптималната звучна изолација,ако ја вградите вистинската фолија која е специјализирана за таа намена.

За едно поткровје покрај воздушна и звучна изолација, од голема важност се и отворите. Колку е потешка една поткровна конструкција, и колку помалку отвори оставaте, толку повисока е воздушната и звучната изолација.

Во предели каде што бучавоста е многу висока, како на пример покрај аеродроми, треба да се земе поголема димензија на изолација за подкровната конструкција - како на пример ако земете да вградите изолација со поголема дебелина, на горната страна на  летвите. Уште подобра заштита би била и внатрешната изолација. Сепак најоптимално решение за звучна изолација, ќе добиете од искусните кровопоставувачи.

Оптоварување со снег

Покривите во Македонија имаат оптеретување од 265 kg, 295 kg, 335 kg по m² а често дури и повеќе. Тежината на кровниот покривач независно од неговиот вид во однос на максималното оптеретување кое се јавува во зима, не претставува значајна ставка. Така да тежината на кровниот покривач е минимална компонента за неговиот избор.

Тежината на кровниот покривач од Tondach во просек е од 42 kg/m². Tondach обезбедува убедлива и сигурна предност кога станува збор за естетика, издржливост на надворешните влијанија и трајност. 

Слични статии