Санирајте го Вашиот покрив со Tondach

Tondach комплетно решение
Повеќе од 400 можности

Слободно можеме да кажеме дека Tondach располага со многуброен асортиман на производи. Постојат повеќе од 400 начини како да го покриете Вашиот објект! Искористете ги Вашите чувства и креативност при градењето:    

  • повеќе од 25 нијанси на боја (од нај светли до нај темни, од матирани до сјајни)    
  • најразлични типови на ќерамиди со класичен, медитерански и модерен изглед 
  • ќерамиди со облагородени површини кои ја прават ќерамидата долготрајна и отпорна на УВ- зраци, кисели дождови, бази (птичји измет) и сл.
  • ќерамиди со кои може да се покриваат покриви со нагиб од 13°

Доколку Вашиот покрив треба да се санира, направете го тоа со Tondach

Tondach нуди најразлични покривни решенија. Ќерамидите на Tondach се оптимални за градење на пасивни т.е. енергетско ефикасни куќи, кои користат обновливи извори на енергија. Да се изгради енергетско ефикасен станбен објект за живеење е голем предизвик но во исто време и голема инвестиција. Пред да започнете со изградба на Вашиот дом, треба да одлучите од каков материјал ќе ја изградите куќата, а пред се и покривот. Искористете ги предностите на прородните материјали, кои немаат хемиски додатоци, а во нив се вбројуваат и производите на Tondach.

100 % Флексибилни - Тие се флексибилни и за секој тип на покрив

Ќерамидите на Tondach имаат својство на поместување, а тоа значи дека на многу лесен и брз начин може да се монтираат на покривот. Ова својство е многу значајно при санација на покрив каде што треба да се заменат само ќерамидите, бидејќи летвите не се оштетени. Само ќерамидите на Tondach, бидејќи имаат својството на поместување може да се вклопат на истите стари летви. А со тоа заштедувате пари и драгоцено време.

100 % Сигурни - Напредна технологија и максимална функционалност

Држачите за летви ги прицврстуваат ќерамидите за летвите. Тие го заштитуваат покривот од секакви надворешни временски влијанија дожд, невреме и снег. Само правилно изведен покрив е економичен, штити и дава сигурност на целиот објект.

100 % убавина - Задоволство кое трае со генерации

Оплеменета површина на Tondach ќерамидите, тие се убави, издржливи и издржливи. Тоа се должи на тоа што се печат на 1000° C. Докажано е дека покривот на Tondach има животен век подолг од 100 години.

Кои индикатори укажуваат на тоа, дека покривот треба да се санира?

Како може не стручно лице да знае кога треба да го санира покривот?

Иглед:
Покривот попуштил! Од далеку ќе приметите, тој има валовит и не рамен изглед.   
Контролирајте ги летвите. Во зима снегот се задржува на покривот. Од самата негова тежина, бидејќи тој се задржува повеќе време на покривот, летвите попуштаат, а од самото тоа може да дојде и до уривање на целиот покрив. Сигурно, оваа ситуација не би била посакувана? Најмалку во зима. Најчесто ваквите штети се случуваат токму во зима!

                  
Во подкровниот простор:
Доколку покривот нема подкровна конструкција, а има оштетувања лесно можете да приметите како сончевите зраци продираат преку оштетените ќерамиди.   
Контролирајте од внатре, можеби има оштетени летви или пак скршени ќерамиди. 

Подкровје:
Контролирајте ги олуците! Доколку се наполнат со нечистотии, дождовата вода лесно може да навлезе во подкровјето, бидејќи водата како низ брана претекува од олуците.
 
Останати контроли:
Повикајте стручно лице.
              
Навремено откријте ја штетата и санирајте го покривот.

Слични статии