
Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули, лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа, како и за бетонски плочи и плочки во Средна и во Источна Европа.
Нашата цел е да создадеме трајни вредности со природни производи: доживотен квалитет на домувањето и сигурност за нашите клиенти, солидна инвестиција за акционерите и атрактивно работно место за вработените. Притоа, сериозно ја сфаќаме улогата на член на општеството, свесен за одговорноста и го насочуваме нашето дејствување кон економските, еколошките и социјалните аспекти – за и во иднина да бидеме успешни.
Јадрото на нашето работење е производството на тула, чиј квалитет и исплатливост секогаш можат да се докажат. Градењето со тула е високоекономична и еколошки ориентирана инвестиција за иднината. Тежнееме кон постојан развој на производите кои ја рационализираат потрошувачката на енергија со употребата на технологија што не влијае штетно на околината.
Ја градиме нашата иднина на цврстите темели на искуството и знаењето, кои се засноваат на долгогодишната традиција на компанијата. Нашиот успех го сочинуваат нашите акционери кои се однесуваат и дејствуваат како претприемачи. Тежнееме кон постојан развој на производите што ја рационализираат потрошувачката на енергија со употреба на технологија што не влијае штетно на околината. Ние сме мултикултурна компанија, ги негуваме односите и профитираме од синергијата на нашата мрежа. Секогаш го ставаме човекот во центарот на нашето дејствување.
Нашето мото е одржлив развој и нашето дејствување со децении го насочуваме вез основа на еколошките, економските и социјалните критериуми. Со потпишувањето на Светскиот договор на ОН во 2003 година, службено ја признавме општествената одговорност на компанијата: активно се заземаме за етичко однесување на компанијата и се грижиме за реализацијата на десетте основни принципи на Договорот на ОН за „Good Corporate Citizenship“ во нашата компанија.