
Клинкер тулата се пече од специјални глини на висока температура (околу 1.100 °C) до континуирано синтерување. Бојата на тулата зависи од суровината, па затоа може да биде различна. За да се постигне воедначен изглед во поглед на бојата при изработката на поголеми површини, треба да се мешаат клинкер тули од повеќе пакети. Таа мерка обезбедува урамнотежена композиција на боите и служи за изедначување на различните нијанси на боја по печењето.
Тулата на Winerberger одговара на барањата на EN 771-1 и подлежи на опширна производствена контрола во нашиот погон. Таквата контрола, со стручното следење на целиот производствен процес, обезбедува одлични карактеристики на готовите производи.
Клинкерот со нормален формат (NF) ги има следните димензии (должина, ширина, висина):
● 25,0 cm x 12,0 cm x 6,5 cm
Клинкерот на Winerberger е грубокерамички природен производ од глина и поради тоа може да има ситни толеранции во бојата и димензиите. Реалните димензии на нормалниот формат на клинкер смеат да отстапуваат од бараните димензии, според податоците на производителот максимално:
Тие толеранции се изедначуваат преку фугата:
Готов малтер за ѕидање
При ѕидањето со клинкер тула секогаш треба да се користи фабрички произведен малтер за ѕидање со клинкер (трасен малтер). Во него се замешува само вода, според упатствата на производителот. Не е дозволено додавање средства за заштита од замрзнување, затоа што тие доведуваат до создавање дамки.
Истовремено пополнување на фугата (стандардна постапка).
Измешаниот малтер се нанесува на целата површина. Сите спојни, хоризонтални фуги и фугите на обвивката се полнат со малтер. Спојните фуги треба да бидат дебели 10 mm, a хоризонталните 12 mm. Пополнувањето на фугите треба да биде тесно поврзано со површината од тула; малтерот, кој излегува од фугата, се израмнува. Малтерскиот премаз најдобро е да се израмнува со мазна цевка од 1/2".
По стегнувањето на малтерот и израмнувањето на фугите, се создава фуга со лесен жлеб, која, по кратко време, е отпорна на временските влијанија.
Доколку се предвидува дополнително пополнување на фугите, фугите треба странично-чисто да се истругаат рамномерно 15-20 mm длабоко (но не до дупката на тулата). Пред нанесувањето на фабрички измешаниот готов малтер за фуги, иструганите фуги темелно исчистете ги, фасадниот ѕид исчистете го од прашина во зоната на фугите и претходно навлажнете го. Слабиот пластичен малтер за фуги нанесете го во два работни чекора во фугите и добро набијте го.
1. чекор: Прво хоризонтална фуга, потоа составниот спој
2. чекор: Прво составниот спој, па хоризонтална фуга
Пополнувањето на фугите треба да се заврши, по можност, тесно поврзано со површината или максимум од 1-3 mm зад фасадната површина од клинкер и да се заштити од прерано сушење.
При долготраен дожд, клинкерот треба да се заштити со фолија или церада, а при мраз или снег треба да се заштити со изолациско влакно и со фолија преку него, ако сакате да продолжите со ѕидање.
Ѕидањето не смее да продолжи ако температурата на подлогата, на материјалот и на околината е под +5 °C!
По неповолни временски услови, може да биде потребна доработка.
Фасадниот ѕид треба да се покрие од ударите на дождот за да се избегне измивање. Ѕидот исто така треба да се заштити од екстремно зрачење на сонцето.
Фините помали градежни делови, како на пример, носечките столбови на кои има свежо пополнети фуги, треба да се заштитат од замрзнување и од зрачење на сонцето.
Изработката на малтерисана фасада е со помош на вграден малтер од вар и цемент со лесни додатоци, на пример основен малтер Baumit.
Тулата начелно се ѕида со полна фуга, а тоа значи дека се настојува да се постигне спојна големина еднаква на половина од должината на тулата. Таа мера, за тула со мал формат, никако не смее да биде под 4,5 cm.
Тулата во еден слој мора да се заѕида во една висина.
Тулата, особено онаа за фасадни ѕидови, се заѕидува според традиционалните споеви, како што се роторски вез, врзувачки вез, англиски вез или вкрстен вез. Други цврсти споеви се: готски, холандски или фламански вез. Неправилниот вез нема правилен распоред.
Растер – модул
За да се обезбеди оптимално поврзување на ѕидот во комплетната структура на ѕидот од предната обвивка од клинкери, треба да се земе предвид придржувањето до мерките на растерот (модулот). Редот на мерките значително го одредува изгледот на зградата со фасадните ѕидови.
Скица-модулот од 13 cm се базира на должината на тулата од 25 cm и на ширина на спојните фуги од 1 cm. За секој формат на тули секогаш треба да ја одбиете мерката на фугата од мерката на модулот. Така, тулата со нормален формат (NF) има должина од 25 cm (со дозволената толеранција), со спојна фуга 26 cm и ширина на тулата од 12 cm, со составна фуга од 13 cm.
Висината на тулата изнесува 6,5 cm, со хоризонтална фуга 7,7 cm. Таа мерка се нарекува и слојна мерка.
Модулот (13 cm) со своите копии е основа за ориентациските мерки при градењето. Од него произлегуваат, со одбивање или со додавање на мерките на надворешната фуга од 1,0 cm, ориентациските мерки за градење:
Преферираните големини на отворите (врата и прозорци) се усогласени со распоредот на мерките. Во пракса, сепак не е можно мерките точно да се одржат. Поради тоа, усогласувањето се постигнува со збивање или со истегнување на надворешните фуги.
Растерската мерка во вертикален пресек одговара на слојната мерка и, за тула со нормален формат (NF), изнесува 7,7 cm.
Поради различни деформации на надворешните и внатрешните обвивки, потребно е во фасадата да се распоредат хоризонтални дилатациски фуги.
Според прописот, хоризонталните растојанија на дилатациските фуги изнесуваат максимум 10 mm, а вертикалните растојанија најмногу по 2 ката.
Позиционирањето на фугата зависи од:
Така, при високотоплински изолирани подлоги, силно печени од сонце или темни површини, како и при големо оптоварување при паѓање дожд, треба да се изберат помали растојанија меѓу фугите.
Преку дилатациските фуги разделените градежни делови треба и одвоено да се укотват и да се армираат за да се овозможи движење без притискање. Тоа значи дека деловите од ѕидот, кои се дигнуваат од темел, мора со дилатациски фуги да бидат одвоени од деловите од ѕидот што висат на конзоли.
Дилатациските фуги затворете ги трајно и непропустливо со соодветен материјал. Со трајно еластичен материјал за запечатување, пенеста лента која може да се компримира или со профил за стегнување. Ширината на фугата, во зависност од избраниот материјал за запечатување, мора да ги трпи постигнатите измени на должината по температурното истегнување.
Топлинското истегнување на ѕидот изнесува 0,005 mm/mK, па според тоа ѕидот долг 10 m, при температурна разлика од 60 К, се истегнува за 3 mm. Освен тоа, двата дела од ѕидот мораат со соодветен, мек материјал за полнење, целосно да се одвојат еден од друг. Според системот на фугата, се докажа дека нејзината ширина може да биде од 10 до 30 mm.
Малите фасадни површини, особено на семејните куќи, во поголемиот број случаи се одвојуваат на главните агли на зградата. Како резултат на притисокот, на влечното поместување и изместување, таму се создава најголемото статичко оптоварување на фасадниот ѕид.
Долгите фасадни површини се делат во делници од максимум 10 m. Притоа важи: кај потенките и ѕидовите со силно оптоварување од надворешните влијанија, делниците треба соодветно да се намалат, а кај подебелите и подобро заштитени ѕидови може да се примени максималната вредност.
За да се обезбеди стабилност, надворешната обвивка мора да се поврзе со носечката конструкција. Со оглед на тоа што грубиот спој меѓу двете обвивки од ѕидот заради топлинската изолација (топлинските мостови) и слободата на движење на надворешната обвивка (температурното истегнување) начелно не е пожелен, закотвување смее да се направи само со специјални и правилно распоредени двојни котви. Сите останати стегања, како на пример, на мостовите од малтер, на пробивот на рожницата или на прозорските рамки, треба внимателно да се избегнуваат.
Според прописите, треба да се предвидат минимум 5 жичени котви на m2. Дополнителните котви, 3 жичени котви на метар ѕидна површина, треба да се распоредат на сите слободни рабови на отворот, на аглите на зградата, на двете страни од дилатациските фуги и на горните краеви од надворешната обвивка.
Изработката на ѕидови од двете обвивки може да следува по различни начини на постапување:
Метод 1: Дополнително ѕидање со фасадна тула
При овој докажан метод кога станува збор за градежната техника, најпрво се подигнува носечкиот ѕид. По ставањето на топлинската изолација на носечкиот ѕид, се ѕида фасадната тула.
Котвите со слој воздух се прицврстуваат со анкери на носечкиот ѕид и се наоѓаат во малтерските пополнувања.
Метод 2: Истовремено ѕидање на носечките ѕидови и фасадните тули
При овој метод истовремено се ѕидаат и двата ѕида. Со тоа е можно анкерите да се затворат со малтерот во лежајните малтерски пополнувања на двата ѕида. При примена на рефусни материјали за топлинска изолација, ваквата изведба е задолжителна.
Внимавајте: За фасадните ѕидови (од клинкер) не се препорачува истовремено ѕидање на двата ѕида!
Карактеристики во поглед на пресметката на коефициентот на премин на топлината (U-вредноста) кај ѕидовите со две обвивки
Слојот воздух е силно вентилиран ако отворите меѓу слојот воздух и надворешната околина надминуваат 1.500 mm2 на метар должина, за вертикални слоеви воздух. По правило, тоа е случај при изведувањето двослоен ѕид со вентилација на преградата.
При пресметката на U-вредноста на двослојниот ѕид, се запоставуваат отпорите на топлинските премини на слојот воздух и сите останати слоеви меѓу слојот воздух и надворешната околина.
Надворешниот отпор на преминот на топлината одговара на внатрешниот и се зема, двострано, како Rsi = 0,13 m²K/W при хоризонтално струење на топлината.
Ако низ изолацијата продираат механички прицврстени делови, со користење котва од благороден челик се добива корекција на коефициентот на преминот на топлина. Притоа, на пресметаната U-вредност на ѕидот се додава корекциски term_Uf за механички прицврстените делови.