Квалитетот на домувањето со системот Porotherm

Kvaliteta stanovanja
Квалитетот на домувањето – Wienerberger

Квалитет и удобност на домувањето

На одлуката за купување стан или куќа, сигурно влијае цената на m2 и локацијата каде што се наоѓа куќата. Меѓутоа, ретко кога човек се запрашува нешто повеќе за квалитетот на градбата и за потрошувачката на енергија во куќата или станот.

Добро изолираната куќа троши помалку енергија за греење на зима, како и за ладење на лето. Губењето на топлината и потрошувачката на енергија по m2 ќе се одрази директно на месечните сметки за греење и за електрична енергија, како и на подолгиот животен век на зградата.

Куќата што е добро звучно изолирана придонесува за создавање повеќе квалитети и удобности при домувањето.

Добро изолираната куќа е предуслов за пријатно живеење

Топлинската изолација за Wienerberger не е моден хит, туку реалност, затоа што компанијата за својот континуиран пораст може да му се заблагодари и на тој клучно важен сегмент. Porotherm нуди решенија за идеална клима во вашиот дом, а со тоа обезбедува и здраво домување.

Топлинска изолација

• Тулата POROTHERM располага со исклучителна топлинска заштита, со оглед на нејзината порозна микроструктура и структурата на шуплините;

• Со тулите POROTHERM се задоволуваат техничките прописи за заштеда на топлинската енергија и за топлинска заштита во зградите;

• Ѕидовите од тули POROTHERM дејствуваат како природен клима-уред: температурните промени се изедначуваат преку задржувањето и испуштањето топлина – на зима вашата куќа останува пријатно топла, а на лето пријатно свежа.

Звучна изолација

  • Ѕидовите и таваните од тули обезбедуваат мирно домување без бучава – во или надвор од куќата.
  • Масивните надворешни ѕидови од тула покажуваат извонредни звучно изолациски вредности од најмалку 45-55 dB.

Изградба на нова куќа – сè почнува од проектантот

При изградба на нова куќа, важно е уште во фазата на идејното проектирање, во соработка со проектантот, да се предвиди сè што е потребно за да се добие квалитетна, оптимално енергетски ефикасна куќа:

  • да се анализира локацијата, ориентацијата и формата на куќата;
  • да се примени високо ниво на топлинска заштита;
  • да се дефинираат конструкциските решенија;
  • да се искористат топлинските придобивки од сонцето и да се заштити од претерана изложеност на сонце;
  • да се користи енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација и да се комбинира со обновливи извори на енергија.

Енергетски ефикасна и оптимална градба

Карактеристиките на енергетски ефикасната и оптималната градба треба да се вклучат во процесот на проектирање што порано, уште во фазата на идејното решение, затоа што на тој начин се постигнуваат најквалитетни резултати.

Последица на оштетувањата на конструкцијата се непријатно и нездраво домување или работа. Загревањето на таквите простори бара поголемо количество на енергија, што доведува до зголемување на цената за користење и одржување на просторот, но и до поголемо загадување на околината. Загадувањето на околината повторно има влијание на оштетувањето на градбите и на животот и здравјето на луѓето.

Дефинирањето на конструктивните решенија препуштете им го на експертите – во овој случај на архитектите!

Слични статии