
Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули, лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа, како и за бетонски плочи и плочки во Средна и во Источна Европа.
Wienerberger на своите вработени им нуди фер и мотивирачки надоместок, рамна хиерархија и можност за активно учествување во развојот на општеството – со други зборови, работно опкружување што ги поддржува врвните резултати и личниот развој.
Веруваме во професионалниот развој на нашите вработени и во силната корпоративна култура како темел за лично залагање и долгорочен успех.
Нашите вработени се еден од клучните фактори за нашиот успех. Со своите квалификации, преданоста и мотивацијата, тие ја гарантираат одржливоста и конкурентноста на групацијата Wienerberger. Во потрага сме по мажи и жени кои ќе бидат силно лично предани на работата и кои имаат страст за работата, како и по оние кои знаат да мислат и да дејствуваат претприемнички.
Од нашите вработени очекуваме да бидат фокусирани на решенија и да имаат силно чувство за лична одговорност. Во замена за тие квалитети нудиме фер и мотивирачки надоместок, атрактивни поттици, рамна хиерархија и можност за активно учествување во развојот на компанијата – со други зборови, услови што обезбедуваат оптимално опкружување за постигнување врвни деловни резултати и личен развој.
На нашите вработени им нудиме широка палета на интерна и екстерна едукација и оспособување, како што е презентацијата на производите, работилници за управување со проекти и семинари за развој на техниките за презентација. На пример, нашите вработени можат да учествуваат во семинар за градење на карактерот што се темели на моделот на комуникацискиот процес (PCM).
Програмата Wienerberger Ready4Excellence за идните таленти, дава можност за личен развој и прекугранична размена на информации во меѓународното опкружување.
Заедно со Wienerberger Engineering Academy (академија за инженери), основавме и постојана образовна институција за различни технички подрачја во керамичката дејност. Во неа се нудат посебни модули и програми за теми што се однесуваат на оптимизација на погоните и процесите, како и на енергетската ефикасност и рентабилност. Наставниот план опфаќа основни и напредни курсеви со програма за обука на раководители на погони.
Нашиот сектор за цевки и бетонски плочки (Pipes & Pavers Division) заедно со Универзитетот Pipelife се фокусира на понатамошна имплементација на програмата LeanSix Sigma.