Зошто глинени ќерамиди Tondach

Tondach природно убави и долготрајни покриви
Покривните покривки можат на сигурен и гарантиран начин да ги применуваат во практика ориентираните решенија на ќерамиди на компанијата Wienerberger.

Кои се вредностите на Tondach?

Во последно време интересот околу квалитетот на покривните материјали кај луѓето постојано се зголемува. Како причина за ова, се јавуваат не се само климатските услови кои во последно време се со екстремни температурни разлики, туку расте интересот и за нивниот животен век на градежните материјали, нивната еколошка вредност, нивната енергетска ефикасност и нивниот дизајн.   

Глинените ќерамиди како природни покривни производи, можат во градежништвото да се вбројат во покривните матријали кои имаат најдолг животен век, во споредба со останатите покривни материјали.

Од еколошка гледна точка глинените ќерамиди, Tondach ќерамидите се произведуваат од земја т.е. глина се мешаат со вода, се сушат на воздух и се печат на оган. Тие се дел од чистата природа, немаат хемиски додатоци. 

Ќерамидите на „Tondach“ се дел од природата, бидејќи се печат на 1000°C во специјализирани печки нивниот животен век се продолжува и до повеќе од 100 години. Нивната функционалност е докажана со тоа што тие апсорбираат и испуштаат топлина, а со тоа обезбедуваат благопријатна клима за живеење. Затоа објектите кои се покиени со ќерамидите Tondach имаат годишна заштеда на енергетските трошоци и до 20%. Затоа производите на Tondach се вбројуваат во производи со енергетка ефикасност и се користат во изградбата на енегетско пасивни куќи кои како извор на енергија го користат сонцето.

Колку долго трае покривот на Tondach?

Покривот на Tondach има животен век подолг од сто години, доколку подкровната конструкција е направена според пропишаните стандарди. Ќерамидите на Tondach не се само долготрајни, туку тие се и економични ако се земе во предвид вредноста на овој покривен материјал.

Многу важно е дека ќерамидите на Tondach се долготрајни и исплатливи, бидејќи ако се земе во предвид ако објектот е прописно покриен, истиот ќе се санира дури после 100 години. Затоа Tondach дава гаранција на своите прозводи од 33 години. Повеќе околу ова  33 Години гаранција!

Глинените ќерамиди можат да се користат:

  • за семејни куќи, станбени згради или деловни и јавни згради;
  • за двоводни покриви и рамни закосени покриви (косината може да се бира во зависност од регионалната клима за да се постигне оптимална заштита од дождови, снежен товар или ветер);
  • како облоги за фасади;
  • за проекти на новоградби и за обнова;
  • за историски градби, како и за современи семејни куќи.

33 години гаранција

Глината стара илјадници години е долговечна и особено отпорна на влијанијата на околината. Ќерамидата Tondach е печена на температура од над 1.000 °C, а површината ѝ е посебно обработена, така што секоја ќерамида е отпорна на сите временски неприлики. Уште од 13° косина на покривот, Tondach е оптимален покрив за секој дом.

Во најкраток рок до нов покрив!

Санирањето на покривот може да се изведе едноставно и брзо. Зошто да се троши повеќе пари отколку што е неопходно? Ќерамидата Tondach може да се испорача во најкраток рок! Вашиот Tondach поставувач на покрив со задоволство ќе Ве советува и ќе го направи Вашиот нов покрив.

Искористете ги сите предности:
  • 33 години гаранција;
  • Сигурност без потреба од постојано одржување;
  • Постојана вредност за генерациите;
  • Еколошки прифатлив производ.

Слични статии