
Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули, лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа, како и за бетонски плочи и плочки во Средна и во Источна Европа.
Децениите на интензивна индустријализација и на технолошки натпревар оставија трајни последици на нашиот заеднички дом, планетата Земја. Загадувањето на околината е сеприсутно. Питка вода има сè помалку. Еколошките промени се сè подраматични.
Сепак, свеста за важноста на зачувувањето на природата за опстанокот на човековиот вид, постепено навлегува во сите структури на современата цивилизација.
Ние во Wienerberger исто така настојуваме да придонесеме за зачувување на природата. Нашите производи се направени од целосно природни материјали: глина, песок и струготини, без никакви вештачки додатоци. Во производствениот процес го користиме гасот, како еколошки прифатлив енергенс. Со постојаното усовршување на производствениот процес, ја редуцираме потрошувачката на енергија, со што придонесуваме за намалување на глобалното затоплување. Конечно, по завршувањето на векот на траење на нашите производи, тие можат да се рециклираат без штетни нус појави.