Визуелизација на покрив

Tondach simulacija krova
Планирате да покривате, да го реновирате Вашиот покрив? Сакате да направите слика? Како ќе изгледаат ќерамидите на Tondach на Вашиот објект од соништата?! Со неколку клика, сами можете да го остварите сонот на Вашиот иден дом, со помош на алатката за визуализација. Изберете куќа, налик на Вашата замисла, изберете го типот на ќерамида, саканата боја и следете ги техничките инструкции како се редат. Крајниот резултат ќе Ви го даде изгледот на куќата со избрниот производ.

Едноставно и лесно!

Пристапете кон алатката за Визуелизација на покрив! Многу е едноставно!

Суштинско и многу важно во целокупниот процес на изградба на нов или реконструкција на стариот покрив, е неговиот визуелен распоред. Важен сегмент во тоа е покровот кој треба да изгледа совршено! За да го добиете тој визуален изглед треба да бидат исполнети сите услови во изградбата на покрив- во вид на систем, тој треба да ги има сите керамички и некерамички додатоци, дадени на сликата. Финалниот изглед на Вашиот објект, понатаму ќе служи како референца за совршен квалитет со долгорочни резултати.

Токму затоа, Tondach ја создаде оваа апликација на својата веб страница, нерчена АЛАТКА за ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА на Tondach ќерамиди. Едноставна и  креативна алатка создадена со цел да се олесни на крајниот корисник во процесот на визуелизирање на неговиот нов или ажуриран покрив. Таа Ви дава можност со неа да правите нај различни комбинации на покриви, со различни модели и боја на глинени ќерамиди, и начин како да се изведе нивното редење.

Доколку Ви треба дополнителни инструкции, слободно контактирајте не.

Нов покрив за вашата куќа?

Дали сакате да го реновирате покривот и да го направите вашиот дом посигурен, енергетски ефикасен и посовремен? Користете ја нашата визуализација на покрив! Ќе видите во неколку чекори како изгледа новиот покрив на вашиот дом.

Пополнете го онлајн формуларот.

Слични статии