UNIVERSAL – Еден оџак за сите видови енергенси!

Universal sustav dimnjaka
Слобода и флексибилност во едно! Оџакот UNIVERSAL на Wienerberger овозможува слобода при изборот на енергенсите!

Вистинскиот систем за Вашата куќа

За да ги задоволи сите барања и потреби на купувачите, Wienergerger обезбеди палета производи која одговара на сите ситуации на терен. За да се олесни изборот на оџак, потребно е да се знаат барањата како:

  • видот на гориво (нафта/гас, пелети, дрво),
  • облогата на оџакот (ќерамида или лесен бетон).

Обвивка на оџакот Wienerberger

Во зависност од потребите на купувачот, имаме можност за избор на обвивките на оџакот од лесен бетон или од тула.

Обвивката на оџакот од тула, во однос на обвивката од лесен бетон, ги овозможува следните предности:

  • облогата од тула овозможува значително подобрување на својствата за топлинска изолација;
  • мазност на материјалот за подобро струење на гасовите;
  • заштеда на време со брзата и многу едноставна монтажа;
  • релативно мала тежина, а со тоа и поедноставена монтажа на оџакот;
  • дел е од ќерамидниот систем на градење од Wienerberger.

Освен обвивки, системот на оџак Wienerberger е достапен во 3 различни големини, па во зависност од Вашиот начин на греење лесно можете да го одберете најсоодветниот систем.

Предности на керамичките елементи на оџаците Wienerberger

  • Модерни се, затоа што се наменети за сите видови горива и одговараат на потребите денес, но и утре.
  • Сигурни се, затоа што се отпорни на температурни удари, не се топат и не испуштаат отровни гасови.
  • Огноотпорни се, затоа што се печени на 1.100 °C.
  • Квалитетот е докажан во милиони домови низ Европа.
  • Долг животен век поради високата механичка цврстина и отпорноста на триење, така што нема корозија.
  • Отпорност на киселини, гасови што содржат хлор, растворувачи и слично.
  • Како резултат на својата густина, ја намалуваат бучавата што при греењето се пренесува во домот.
  • Не ја загадуваат околината затоа што можат да се рециклираат.
  • Високата цврстина на притисок на ќерамидните елементи овозможува градење оџак на поголеми висини.
  • Компоненти вклучени во комплет од 7 m.

Едноставен систем / комплет 7 m

Системот за оџак Wienerberger вклучува комплет од 7 m, a можат да се нарачаат и дополнителни компоненти според потребите на Вашиот објект. Продажбата и испораката може да се организираат со нашиот локален продажен тим и преку дистрибутивната мрежа на трговија на големо.

Слични статии