Упатство за градење со Porotherm Comfort

Početak gradnje
Како се гради со тулата Porotherm?

Подготовки

Пред ставањето на првиот ред Porotherm на подлогата, потребно е да се нанесе малтер во слој дебел најмалку 1,5 cm. Хидроизолацијата се поставува пред малтерот. За ѕидање се користи нормален малтер, од минималната марка 5 MPa.

Како малтер може да се користи топлински малтер TM50 во вреќи или може да се подготви на градилиштето продолжен малтер, по следната рецептура:

  • цемент портланд – 1 вол. дел
  • хидратизирана вар – 2 вол. делови
  • просеан песок 0-4 mm – 6 вол. делови
  • вода: до нормална конзистенција на малтерот за ѕидање со тула

Пред да ѕидате тулата добро намокрете ја

Пред почетокот на ѕидањето со тулата Porotherm, треба добро да се полие со вода, за да не ја повлече водата од малтерот и така да се ослаби цврстината на спојот меѓу тулата и малтерот, односно цврстината на ѕидот.

Изведување со вертикални серклажи

За изведување на аглите во подрачјата каде што често има земјотреси, препорачуваме употреба на бетонски аголен елемент наместо оплата од бетонски вертикален серклаж. Аглите армирајте ги со минимум 4f14 mm, вилици f6/25 cm, со преклоп на вертикална арматура во столбот минимум 80 cm за следниот кат (во продолжение на истиот столб).

Пополнување на малтерскиот џеб

Вертикалните спојувања меѓу Porotherm PLUS се пополнуваат со малтер во средниот дел на спојувањето, за добро да се пополни малтерскиот џеб. Блоковите се поставуваат целосно еден до друг така што „забите“ на едниот блок да влезат во „длапките“ на другиот блок. Меѓу редовите со Porotherm PLUS се поставува малтер во доволна количина за да се формира спојување со дебелина од 12 mm, а малтерот се распоредува по целата дебелина на ѕидот.

Тулите за ѕидање не смеат да се кршат, туку мораат да се сечат со помош на циркуларна пила

Тулата треба да се ѕида во правилен ѕидарски вез (најдобро е кога блокот со парен реден број се преклопува со блокот со непарен реден број за 50%).

Висината на ѕидот треба да се конторлира со летва на која се означени вредностите на висинскиот тулен растер – 25 cm, а должината на летвата на која е означен далечинскиот тулен растер – 12,5 cm. Вертикалноста и хоризонталноста на ѕидот се постигнува со помош на либела и висок.

Ѕидот изграден од тули Porotherm PLUS може да се обработува со сите средства предвидени за завршна обработка на ѕид од тула. Во случај на примена на специјални гипсови или други специјални материјали, треба да се постапува според упатството на производителот на средството што се користи за обработка на ѕидот.

Слични статии