Универзален систем за оџаци – срцето на Вашиот иден дом

Universal dimnjak
Wienerberger Ви помага не само да изградите енергетски ефикасна, сигурна и здрава куќа, туку и со иновативниот систем за оџаци Wienerberger да создадете совршена атмосфера за домување.

Со новиот модерен систем за оџаци, Wienerberger Ви дава слобода и флексибилност при изборот на најдоброто решение за греење.

Новиот систем е едноставен, ефикасен и приспособлив, а оџаците на Wienerberger се произведени во Германија и гарантираат највисоко ниво на квалитет. Иновативните системи на оџаците одговараат на сегашните и на идните барања. Обновливите извори на енергија се животен стил на иднината!

Топлината на Вашиот дом

Каминот ја зголемува пријатноста на живеењето и на престојот во Вашиот дом. Седењето пред огнот и гледањето на пламенот опушта и Ви помага да се одморите. Зраците на топлината од каминот или од керамичката печка на пријатен и здрав начин Ве греат во текот на ладните зимски месеци.

Сигурност

Во текот на постапката на горење во системите на оџаците може да дојде до развој на димни гасови на високи температури и до 400°С. Печените керамички цевки и компонентите на димоводниот систем лесно одолеваат на овие температури и остануваат непропусливи за време на целиот животен век на куќата. Компонентите произведени во Германија и искуството на Wienerberger гарантира врвен квалитет на целиот систем на оџакот.

Енергетска ефикасност

Секоја енергетски ефикасна куќа бара ефикасен систем на греење, а особено систем што може да одговори на барањата за користење на обновливи извори на енергија. Оџакот Wienerberger, заедно со ќерамидите од системот за градење Energy+, се срцето на Вашата идна куќа.

Еколошка прифатливост

Освен високата удобност, обновливите извори на енергија, како што се дрвото или пелетите, за разлика од фосилните горива, даваат топлина без емисија на дополнителни стакленички гасови. Со тоа помагаме во зачувувањето на климата и на нашата природа.

Сегашност и иднина

Системот за оџак на Wienerberger ги исполнува сегашните и идните потреби за снабдување со енергија.

Новодизајнираните системи на оџакот му даваат решенија за сите системи на греење, како што се дрвото, нафтата, гасот или пелетите во еден оџак.

Независност/слобода

Бидете слободни и изберете го енергетскиот систем што најдобро одговара на Вашите потреби и можности. Вашата одлука за градење на оџак Wienerberger Ви обезбедува независна иднина.

Слични статии