Три енергетски ефикасни семејни куќи

Wienerberger Porotherm Три енергетски ефикасни семејни куќи
Енергетски ефикасните куќи се особено интересни објекти, а дизајнирани со комбинирање на модерен и традиционален стил можат да се наречат куќи со душа, во кои својот потпис го втиснуваат инвеститорот и раководител на проектот Роман Весел („Перитиа градбени инженеринг“) и архитектките Мојца Басај Кос и Ника Вингерл од проектантското биро „Мега тим“.

Категорија
Семејни куќи
 
Датум на завршување
2016 г.
 
Место / Држава
Крањ / Словенија
 
Архитектонско биро
„Мега тим“
 
Производи
Ѕидови: Porotherm 30 PROFI, Porotherm 12 P+E
Покрив: ќерамида Tondach, модел Figaro Deluxe, сива енгоба
 
Инвеститор
Роман Весел („Перитиа градбени инженеринг“)

 


Енергетски ефикасните куќи се особено интересни објекти, а дизајнирани со комбинирање на модерен и традиционален стил можат да се наречат куќи со душа, во кои својот потпис го втиснуваат инвеститорот и раководител на проектот Роман Весел („Перитиа градбени инженеринг“) и архитектките Мојца Басај Кос и Ника Вингерл од проектантското биро „Мега тим“.

Целокупната градба можеме да ја претставиме со кратка приказна. Пред две години архитектката Мојца Басај Кос му посочи на Роман Весел интересна локација во Стражишче близу Крањ, што ѝ ја имаше препорачано архитектката Здравка Мравље. Потоа, на земјиштето беа изградени три куќи. Идејните концепти ги развија тројца архитекти. Весел се одлучи за соработка со „Мега тим“ и за нивниот концепт на три средно големи објекти наменети за домување. Нивното сместување во просторот го обликуваше пејзажната архитектка Даница Рачич Ахачич. По изработката на идејниот концепт и издавањето на градежната дозвола, проектната документација содржеше и технички решенија, проект за електроинсталацијата, статички и архитектонски проект.

Надворешната обвивка е изградена од тула Porotherm со дебелина од 30 cm, а преградните ѕидови со тула Porotherm со дебелина од 12 cm. Во споредба со друга тула, тулата Porotherm има подобра топлинска заштита и е одличен избор за градење објекти со енергетски ефикасни својства. Тулата Porotherm e природен материјал со одлична парапропустливост што обезбедува регулација на влагата во просторијата и на тој начин обезбедува здраво и пријатно домување. Така, на лето во просторијата има пријатна температура, додека на зима е топло, што значи дека тулата Porotherm има висока способност за акумулирање на топлина и исклучително ги урамнотежува температурните разлики.

За покривната покривка е користена ќерамида Tondach, модел Figaro – сиво енгобирана ќерамида со голем формат и со рамки линии, што одлично одговара на модерните, но и на традиционални форми на покриви; потоа, користени се и оригинални отвори за покрив и целокупен систем за вентилација и на тој начин е обезбедено правилно проветрување на покривот и е спречено собирање на кондензираната вода.  

Ќерамидата Tondach Figaro Deluxe има голем формат и едноставни линии, а со неа се покриваат и модерни и традиционални градби.

Слични статии