Системски решенија на тулата Porotherm

Porotherm kuća
Wienerberger на своите купувачи им нуди производствена програма на тули за економска и енергетска ефикасност на рамковната ѕидна конструкција – за семејни куќи, станбени згради и јавни згради.

Ѕидна конструкција од тула

Со својата производствена програма Porotherm, Wienerberger нуди тула за секоја потреба, за сите видови ѕидови и ѕидни конструкции како што се:
  • надворешни и внатрешни ѕидови што овозможуваат топлинска изолација;
  • ѕидови што овозможуваат звучна изолација, носечки и неносечки;
  • ѕидови отпорни на земјотрес;
  • противпожарни ѕидови;
  • тавани од тула;
  • топлинска изолација за енергетски ефикасно реновирање.
Оваа производствена програма ја дополнуваат надвратници над вратните и прозорските отвори, специјални или обликувани глинени блокови за специфични детали, системски оптимизиран малтер или лепило Dryfix за ѕидарски изработки од тула и специјални алатки за нивно брзо, едноставно и сигурно поставување.

Надворешни ѕидови

Монолитен надворешен ѕид

Се состои само од еден материјал за изградба на ѕидови (покрај гипсот и малтерот). Тука глинениот блок Porotherm ги исполнува барањата за топлинска изолација, звучна изолација, заштита од пожар и статичките барања и не е потребна никаква изолација.

Овој масивен глинен ѕид ја чува топлината и соодветен е за нејзина дифузија, со што обезбедува пријатна внатрешна клима. Следејќи го трендот на нискоенергетски и пасивни куќи кои можат да се реализираат со помош на монолитни надворешни ѕидови, ова е еден метод на градење што е особено одржлив и свртен кон иднината.

Ѕид со шуплина и со фасадни тули

Овој вид ѕид е една од најважните ѕидни конструкции во многу европски земји. Се состои од еден носечки ѕид од глинени блокови, слој за топлинска изолација, меѓупростор за вентилација и фасада изработена од тула што додава дополнителна естетска вредност, затоа што фасадните тули се изработуваат во сите бои и форми, многу се трајни и не бараат речиси никакво одржување.

Ѕид со шуплина

Кај овој вид конструкција на ѕид со шуплина, фасадата не се изведува од фасадна тула, туку од тенки глинени блокови Porotherm.

Најчесто двата ѕида од глинени блокови се одвоени со слој топлинска изолација, но новите движења покажуваат дека таквиот ѕид може да се изгради и без изолациски слој, користејќи изолациски глинен блок од надворешната страна, со што се создава една поголема топлинска маса или со помош на нови тенки блокови Porotherm WDF, исполнети со минерална волна или перлит за внатрешна и надворешна изолација.

Надворешен ѕид со дополнителна топлинска изолација

На надворешната површина на ѕидот од глинени блокови Porotherm, се нанесува дополнителен слој за топлинска изолација. Кај конструкцијата со дополнителна изолација, глинените блокови Porotherm ја преземаат не само статичката функција, туку и функциите на звучна изолација и на чување на топлината.

Внатрешни ѕидови

Носечките и неносечките ѕидови од блокови Porotherm се идеална комбинација за оптимална заштита од пожар и звучна изолација. Глинените блокови претставуваат една изедначена основа за гипсување, едноставна и сигурна опција за зацврстување и висока статичка сигурност.

Глинен тавански систем

Глинениот тавански систем создава идеални услови за здрава и пријатна клима што го прави особено погоден за семејни куќи. Тие системи овозможуваат многу голема флексибилност во планирањето и користењето, благодарение на едноставните системски компоненти што се состојат од „носечки греди и тули кои се поставуваат меѓу нив“.

Дополнителни предности се нивните поволни биолошко-конструкциски својства, благодарение на малата содржина на бетон и арматура и нивните оптимална капацитети за чување топлина што обезбедува идеална внатрешна клима. Во комбинација со ѕидовите од тула, таваните од тула создаваат една рамномерна основа за гипсување за целокупната рамковна ѕидна конструкција.

Топлинска изолација за надворешни и за внатрешни површини

Системот за топлинска изолација Porotherm IZO PROFI (W. и Plan) е составен од глинени блокови исполнети со минерална волна или перлит, кои се природни изолациски материјали.

Овој систем е развиен специјално за внатрешно и надворешно реновирање на постоечки згради и нуди многу предности, затоа што едноставно се поставува, се обезбедува висок степен на заштита од пожар, многу е траен и еколошки не е штетен.

Проширување на системот Porotherm

Серијата обликувани глинени блокови и надвратници Porotherm ја поедноставуваат работата и нудат еден хомоген, висококвалитетен ѕид од глинени блокови за сите примени и технички барања и од еден единствен извор.

Слични статии