Семејна куќа „S“

Wienerberger Porotherm Семејна куќа „S“
Модерно, пространо и со многу светлина – ова се одликите на семејната куќа во Клоковац, во непосредна близина на центарот на Крапинске Топлице. А архитектонското студио „МВА Микелиќ Вреш архитекти“, кое се потпишува на оваа станбена убавица, е препознатливо по едноставниот и функционален дизајн што ги задоволува сите потреби на пријатниот живот.

Категорија

Семејна куќа

Датум на завршување

2014 г.

Место / Држава

Крапинске Топлице / Хрватска

Архитектонско биро

„МВА Микелиќ Вреш архитекти“

Тип на тули

Porotherm

Поднел / Пријавил

Марин Микелиќ / info@mva.hr


Модерно, пространо и со многу светлина – ова се одликите на семејната куќа во Клоковац, во непосредна близина на центарот на Крапинске Топлице. А архитектонското студио „МВА Микелиќ Вреш архитекти“, кое се потпишува на оваа станбена убавица, е препознатливо по едноставниот и функционален дизајн што ги задоволува сите потреби на пријатниот живот. Куќата е сместена на кос терен во подножје на рид. Поради желбата на сопственикот животниот простор да се одвои од почвата, куќата е проектирана преку концептот на лебдечка атриумска куќа. Слично на традиционалните локални типологии, куќата е поделена на зони: сервисен дел во приземјето и простори за живот на спрат, што дополнително го потцртува и изборот на материјалите за фасадата – истегнат лим и малтер.

Со подигнувањето на станбениот волумен над почвата, со потпирањето на потпорниот ѕид и со волуменот на гаражата, создадена е низа надворешни простори: „drive in“, влезен атриум и јужен атриум за престој на отворено. Куќата постепено се открива со движењето. Од улицата, преку атриумот, до големите дрвени врати што јасно го означуваат влезот, како и со преминот со косиот стаклен страничен дел на скалите, се насетува внатрешниот просторен концепт. Сите заеднички дневни простори (кујната, трпезаријата, источниот балкон, дневниот престој и јужниот балкон) се нижат и се „редат“ околу атриумот создавајќи чувство на континуиран и целовит, но истовремено и артикулиран животен простор.

Впечатокот дополнително го засилува влезната просторна секвенца со главните скали до кои се наоѓаат полици со семејната библиотека. Неочекуван момент во користењето на овој простор даваат децата, откривајќи како дрвената коса плоха на широките прозорски прагови може да послужи за лизгање, како тобоган.

Иако куќата со редуцираниот обликовен вокабулар се издвојува од околината, нејзините отвори, со својата положба и со своите димензии, ги кадрираат просторните акценти од околината на тој начин создавајќи еден особено слоевит, динамичен и афирмативен однос кон потесниот и поширокиот контекст.

Слични статии