Ракување со лепилото Porotherm Dryfix extra

Porotherm DRYFIX.extra е еднокомпонентно лепило кое се користи исклучиво за лепење тули Porotherm PROFI.

Начин на употреба на лепилото DRYFIX.extra

Дозата пред секоја употреба протресете ја околу 20 пати. Дозата затегнете ја на пиштол за лепење преку издолжувањето за дозата (но не пресилно). Одвртете ја навртката за дозирање и потоа барем 2 секунди држете ја рачката (за да се наполни цевката на пиштолот) за да почне да излегува лепило од пиштолот.

Пиштолот за лепење сега е подготвен за употреба (дозата држете ја свртена кон горе). Истиснувањето на лепилото се регулира со рачката, а со навртката за дозирање можете да го ограничите количеството на лепилото што се истиснува. На израмнетата површина, односно подоцна на редот тули, нанесете два слоја лепило со дијаметар од околу 2 cm и тоа паралелно, на оддалеченост од 5 cm од надворешниот или внатрешниот раб на тулата.

Тулата морате да почнете да ја поставувате (да ја спојувате со помош на жлебовите пред да почне да се создава тенок филм на лепилото, значи околу три минути по нанесувањето на лепилото. Положените тули не смеете да ги дигате или да ги поместувате, затоа што ќе морате одново да го нанесете целото количество лепило (двата паралелни слоја).

Средство за чистење на пиштолот за лепење

На пиштолот нанесете средство за отстранување на полиуретанско лепило и добро измијте го (средството за отстранување нека дејствува 5 минути, а потоа пиштолот повторно добро измијте го).

Слични статии