Предности и погодности на ќерамидите Wienerberger

Ќерамидите Wienerberger ги обединуваат природната традиција и најновата технологија.

Глинените ќерамиди навистина овозможуваат многу предности

Глинените ќерамиди се природен и убав материјал со бои што се трајни и отпорни на УВ-зраците.

Ексклузивна програма на глинени ќерамиди во разни бои (природни, глазирани, ангобирани) и на прибор за правење совршен покрив. Најсовремените техники за производство ни овозможуваат на секој производ да му го подариме препознатливиот изглед и единственото чувство при допир.

Глинените ќерамиди се целосно природни производи што ги задоволуваат сите барања во поглед на еколошката нештетност на градбата како ретко кој друг градежен материјал.

Со печењето на глинените ќерамиди на високи температури се постигнува животниот век од над 100 години.

Нема потреба за одржување – со поддршка на најнапредните технологии, нашите ќерамиди го подобруваат квалитетот на живот на секој човек што живее под нивна заштита.

По рушењето, глинените ќерамиди можат да се рециклираат – повторно да се користат во циклусот на материјалот – или можат лесно и економично да се поставуваат како минерален градежен материјал, без да ја загадуваат околината.

Во случај на изградба на анекс или на обнова, глинените ќерамиди лесно се вклопуваат.

Двоводниот покрив нуди многу предности

Сè почестите временски непогоди, како последица на климатските промени, претставуваат предизвик за градежната структура. Меѓутоа, структурната стабилност на двоводните покриви им овозможува да ги издржат големтеи оптоварувања, како на пример, од снегот.

Во просек, вината за околу 25 до 35% од вкупната загуба на енергија во зградите се припишува на нивните обвивки. Двоводниот покрив значително ја подобрува топлинската ефикасност на зградата благодарение на природната вентилација под горниот слој на покривот. Тоа осигурува оптимална удобност на просторијата и на зима и на лето.

Понатаму, двоводните покриви обезбедуваат брзо истекување на водата во случај на силни дождови, правејќи го непотребно спроведувањето одводни цевки низ зградата и овозможуваат лесно одржување на одводот. Освен тоа, двоводните покриви претставуваат долгорочно водонепропустливо решение, отпорно на влага и на вегетација.

Од економска гледна точка, двоводните покриви создаваат особено големи вредности, затоа што обезбедуваат поголем простор за живеење во споредба со куќите со рамни покриви кои имаат слична цена. Во градовите каде урбанистите ја нагласуваат потребата од збивање на просторот, преуредувањето на поткровјето претставува совршена можност за создавање дополнителен простор за живеење. Понатаму, преуредувањето на поткровјето во станбениот простор е поевтино од изградба на анекс.

Двоводните покриви се идеално решение за станарите што се грижат за околината – и за цената: со подобро зачувување на енергијата во споредба со рамните покриви, двоводните покриви придонесуваат за заштеда на енергија. Од перспектива на дизајнот, двоводните покриви нудат широк распон на можности за исклучителни животни доживувања.

Двоводните покриви претставуваат единствена комбинација на културниот израз и на техничката супериорност која е докажана низ цела Европа, стотици години наназад.

ТОНДАХ природно убави и долготрајни покриви!

Tondach ви нуди различни решенија нови градби и санации. Посетете ја веб страната на Tondach  и пронајдете ги оригиналните системски решенија.

www.tondach.mk

Слични статии