Клинкер Terca – тула за различни намени

Terca
Клинкерот е тула што служи за изградба на фасаден ѕид од тула, со голема отпорност на хемиски влијанија и замрзнување, за ѕидови со големи барања во поглед на притисокот и за ѕидови обѕидани со тула.

Надворешни ѕидови

Со децении двослојниот ѕид во земјите на Европа спаѓа во најважните фасадни конструкции. При грижливо проектирање и изведување, со него можат да се исполнат сите барања на надворешните ѕидови.

Поделбата на функцијата во три слоја со различни задачи, овозможува целосно искористување на истакнатите својства на материјалот од печена глина. Со двослојниот начин на градење може да се одговори, од една страна, на градежно-статичките и на градежно-физичките барања, а од друга страна, сепак, на архитектите им се остава голем простор за архитектонско обликување. Покрај потребата да се штеди енергија, во текот на последните години, јасно се заострени барањата за топлинска заштита на зградите, а со тоа секако и карактеристиките за топлинска изолација на надворешните ѕидови.

Внатрешни ѕидови

Носечките ѕидови од клинкер тулата Terca првенствено имаат носечка функција. Од надворешната страна се заштитени од временските влијанија и се изложени само на мали температурни разлики. Освен тоа, носечките ѕидови од клинкер тули служат за постигнување и одржување на пријатна и изедначена клима за домување.

Покрај добрата звучна изолација, клинкер тулите се одликуваат и со способност за акумулирање топлина, како и со мал отпор на дифузијата на водената пареа што овозможува здраво домување и пријатна клима. Поради тоа, се препорачува носечките ѕидови од тула да се изведуваат во дебелина од минимум 20 cm и тоа со клинкер тула со вертикални шуплини, која има поволни својства во поглед на звучната изолација.

Клинкер Terca за правење камини

Тулите Terca се производ од специфични видови обоена глина, печени на температура од 1.100 °C. Така се создава многу тврд материјал, подеднакво издржлив и на физички и на хемиски оптоварувања. Поради нијансите во слоевите глина, клинкерот покажува разновидност на боите, што му дава единствен, препознатлив шарм и често се користи при уредувањето вински подруми, градини, камини, фурни и сл.

За обѕидување на камин можете да одберете тула Terca со груба површина, античко груба површина, мазна, мазна со поголеми шуплини, саќеста, античко саќеста и античко саќесто релјефна.

Клинкер тулата Terca исто така доаѓа во разни нијанси на бои, што отвора безброј можности за комбинирање за внатрешно уредување, било како облога за куќиштето на каминот или за декорација на внатрешните ѕидни површини. Поради својот природен изглед и пријатните бои, таа дава чувство на топлина во ентериерот.

Слични статии