Информации за работењето

Wienerberger Информации за работењето
Општите услови за работењето на компанијата Тондах Македонија АД, ул. ИГМ Пролетер 1, 2310 Виница.

1. ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Производите се испорачуваат врз основа на нарачки и телефонски побарувања на раководителите на продажните подрачја. Доколку КУПУВАЧОТ (ПАРТНЕРОТ или друго правно лице, кое нема склучено Договор за партнерство) не се согласува со продажните и другите услови од фактурата, мора веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на примање на фактурата, писмено да не извести.

Испораката на производите се врши EXW од складиштето на Тондах во Виница, или CPT соодветна дестинација кога се работи за увозни производи од групацијата на Винербергер. Целата стока е  палетирана и натоварена во возило. Стоката се испорачува и се продава исклучиво на цели палети, а минималната количина е една палета производи. 

Транспортот на стоката КУПУВАЧОТ мора да го врши со соодветно и технички исправно превозно средство , а сите оштетувања на стоката настанати при транспортот не можат да бидат предмет на рекламација (види точка 3).

2. КВАЛИТЕТ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Квалитетот на испорачаните производи е усогласен со важечките прописи и норми на Република Македонија и со нормите на ЕУ. Се испорачуваат производи со усогласен квалитет и според декларираните својства на производите.

3. РЕКЛАМАЦИИ

Во случај на недостатоци во поглед на испорачаното количество или на квалитетот на производите, КУПУВАЧОТ може во согласност со раководителот на продажното подрачје да состави рекламациски записник со точни детали за рекламацијата. КУПУВАЧОТ е должен да го повика на увид раководителот на продажното подрачје во што пократок рок, а најдоцна во рок од 90 дена од преземањето на производите. Можат да се признаат само оштетувања на производите настанати при производството или при товарењето на нашето складиште. Оштетувањата што настанале при транспортот, при неправилна обработка на стоката (на пример, удар со чекан или секира) или со неправилно вградување, кое ги опфаќа и подготвителните работи за фина обработка на ѕидовите, не можат да бидат предмет на рекламација. Рекламациите на вградената стока не се признаваат.

Компанијата  НА КУПУВАЧОТ му ги одобрува рекламациите само ако за нив постои неусогласеност што е дефинирана со важечките норми и прописи и доколку постои записник и соодветна фото документација.

4. ЦЕНОВНИК НА ПРОИЗВОДИТЕ

Цените се применуваат според моментално важечкиот ценовник. Компанијата Тондах Македонија АД. го задржува правото на промена на цените на производите со претходна најава од најмногу 14 дена пред зголемувањето на цените.

5. ОБВРСКИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА КУПУВАЧИТЕ

КУПУВАЧОТ се обврзува во договорениот рок да ги подмири своите обврски. Се смета дека фактурата е подмирена ако е платена во договорениот рок. Доколку купувачот не го подмири долгот за испорачаните производи во договорениот рок, компанијата Тондах Македонија АД. го задржува правото на купувачот да му ја пресмета законски предвидената затезна камата.

Слични статии