Изработка на Т-спој со лепилото Dryfix extra и тулата Porotherm Profi

Оптимално решение за квалитетно и економично изведување на Т-спојот на ѕидовите Porotherm PROFI

ПОВРЗУВАЊЕ НА НОСЕЧКИТЕ И ПРЕГРАДНИТЕ ЅИДОВИ

При поврзувањето на преградните ѕидови под агол од 90°, потребно е вертикалните споеви исто така да се пополнат со малтер или да се постави изолациска лента.

За изработка на спојот на носечкиот и преградниот ѕид, постојат два начина:

  • запчест спој
  • тап спој

ЗАПЧЕСТ СПОЈ

  • Во носечкиот ѕид треба да се направи длабнатина за да се осигури врската меѓу носечкиот и преградниот ѕид;
  • Влабнувањето се исполнува со малтер во кој се ставаат елементи од преградниот ѕид. Големината на длабнатината зависи од материјалите на носечкиот ѕид.
  • При спој со носечки бетонски ѕид треба во носечкиот ѕид да се направи длабнатина од најмалку 2 cm и поширока за 2 cm од дебелината на блокот за преградниот ѕид;
  • При спој со носечки ѕид од тула, исто така треба да се направи длабнатина од најмалку 5 cm, која мора да биде 2 cm пошироко од дебелината на блокот во преградниот ѕид.

ТАП СПОЈ

  • Спој на носечки и неносечки ѕид може да се оствари и без дополнителна изработка на длабнатина во носечкиот ѕид;
  • Во овој случај, врската се остварува со користење на метални стеги, во зависност од материјалот на носечкиот ѕид;
  • Металната стега се вградува во секое второ хоризонтално спојување за време на ѕидањето на носечкиот ѕид од тула;
  • При ѕидањето преграден ѕид, шипката се зацврстува со малтер во хоризонталното малтерско спојување на преградниот ѕид.

На следните слики е прикажан редоследот на изведбата на Т-спој со тулата POROTHERM PROFI и лепилото DRYFIX.extra

 

Слични статии