Изведувач

Wienerberger изведувач
Станете поквалификуван, поконкурентен и сертифициран изведувач.
Wienerberger изведувач

СОУЧЕСНИЦИ ВО ГРАДЕЊЕТО
  • Инвеститор – правно или физичко лице во чие име се гради градбата;
  • Проектант – физичко лице кое изработува проекти за изградба на градби од членот 57  од законот за градење и поседува овластување А и/или овластување Б за проектирање. Проектантот е должен проектот да го изработи согласно со стандардите и нормативите за проектирање и истиот е одговорен за усогласеноста на проектите со условите за градење;
  • Ревидент – физичко лице кое врши ревизија на проектите за градење на градби од членот 57  од законор за градење, заради потврдување на усогласеноста на проектите со одредбите од овој закон, стандардите и нормативите за проектирање и техничките прописи за градење и има овластување А и/или овластување Б за вршење ревизија;
  • Изведувач – правно лице кое ја изведува, односно гради градбата или дел од градбата, врз основа на договор за градење склучен со инвеститорот. За извршување на работите правното лице треба да е регистрирано во Централниот регистар за изведување на градежни и/или градежно- занаетчиски работи и да поседува лиценца за изведувач;
  • Надзорен инженер – физичко лице кое врши надзор над изградбата на градбата и има овластување А и/или овластување Б за надзорен инженер. Надзорниот инженер ги врши работите на надзор во правното лице регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за надзор;

ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ на изведувачот на работите:

  • Да изведува градежни работи во согласност со добиената лиценца;
  • Да изведува градежни работи согласно со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект;
  • Да води градежен дневник и градежна книга при изведувањето на градежните работи;
  • Да обезбеди докази за пропишан квалитет за вградените градежни производи;
  • Да спроведува мерки за заштита и сигурност на градилиштето во согласност со закон 
  • Да обезбеди докази за потекло на градежно-техничкиот камен, градежниот песок и чакал (договор за купопродажба, фактура, сметкопотврда и слично)
  • Да безбеди мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата по изградба на целиот конструктивен систем на градбата.
  • Формата, содржината и начинот на водење на градежен дневник и градежната книга, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
  • Изведувачот определува инженер за изведба кој раководи со изградбата на градбата и е одговорен за исполнување на обврските утврдени со членот 29 од законот за градење.
  • При изградбата на градбата изведувачот може да определи повеќе инженери за изведба, при што одредува главен инженер за изведба кој ќе биде одговорен за исполнување на обврските утврдени со членот 29 од законот за градење, како и за  меѓусебното усогласување на работите.
  • Инженерот за изведба е физичко лице со соодветна техничка струка кое има овластување за инженер за изведба согласно законот за градење.

Законски задолжителна ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДИЛИШТЕТО:

  • Решение за упис во Централниот регистар и соодветна лиценца издадена согласно со овој закон;
  • Потврда за определен инженер за изведба и надзорен инженер на градилиштето;
  • Пдобрение за градење со основен проект;
  • Извештај за извршена ревизија од ревидентот;
  • Градежен дневник и градежна книга;
  • Доказ за пропишан квалитет за вградените градежни производи, како и докази за потекло на градежно – техничкиот камен, градежниот песок и чакал;
  • Елаборат за заштита при работа;
  • Мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата во текот на изградбата и мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата по изградбата на целиот конструктивен систем на градбата;
  • Комплетни податоци за учесниците во изградбата и
  • Друга документација ако со друг закон е пропишана обврска дека изведувачот треба да ја има на градилиштето.
НАПОМЕНА:
Сите наводи се преземени од Законот за градење и Законот за просторно уредување и ја отфрламе секоја одговорност за користењето на наведениот текст.

Слични статии